Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8. АПРИЛ 2019 ГОДИНА

Овенот планира брак, Бикот ги остварува своите планови, Близнаците уживаат во слободата, Ракот е полн со енергија, Скорпијата има пеперутки во стомакот.

ОВЕН

Нема да имате премногу обврски, пред вас е ден во кој ќе можете да се посветите на себе и најблиските. Планирате брак со саканата личност и среќни сте поради тоа. Пред вас е поволен период за љубов. Одлична состојба на здравјето.

БИК

Ве очекуваат прилики да ги остварите своите планови. Пред вас е поволен ден за работа, бидејќи некои препреки конечно ќе се отстранат. Доколку планиравте да го направите првиот чекор кон симпатијата, денешниот ден е добар за тоа. Одлично се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Ве пратат среќни околности и спремни сте да ги земете работите во ваши раце. Може да очекувате добра атмосфера на работа. Ви одговара слободата и не сакате засега да се посветувате било кому. Ќе ви годи бавењето со спорт.

РАК

Ќе добиете прилив на пари кој ви е потребен. Може да очекувате дека денешниот ден ви е поволен за финансии. Приврзани сте за личност за која се грижите и сакате сериозна врска со неа. Имате сосема доволно енергија.

ЛАВ

Потребно е да ги промените навиките кои ги имате за да бидете поефикасни на работа. Ви се допаѓа личност која исто така покажува дека не е рамнодушна кон вас. Наскоро ве очекуваат интересни случувања на работното место. Помали проблеми со притисокот.

ДЕВИЦА

Иако околностите во кои се наоѓате не се најдобри вие цврсто верувате дека сѐ ќе се промени во ваша корист. Ако покажете доволно трпение може да очекувате дека саканата личност ќе поправи некои работи кај себе. Посетете стоматолог.

ВАГА

Може да очекувате дека упорноста ќе ви се исплати. Не се откажувајте од своите цели и дајте си време. Сакате да остварите стабилност кога станува збор за љубовта и сериозно размислувате за брак. Посетете доктор.

СКОРПИЈА

Не очекувајте дека ќе имате премногу нови случувања на работното место денес, пред вас е еден здодевен ден. Наскоро ве очекува нова врска. Ви се случило ново познанство и имате пеперутки во стомакот. Вишок килограми.

СТРЕЛЕЦ

Многу од работите кои сте ги испланирале нема да се движат во таа насока. Ова не е поволен ден за вас и не ризикувајте. Склони сте кон тоа да бидете на некој начин нападни во додворувањето или инсистирањето на некои работи. Внимавајте на кичмата.

ЈАРЕЦ

Не е поволен ден за патување или поголеми работни промени. Подобро е да се посветите само на оние секојдневните обврски. Не сте задоволни од околностите во кои се одвива вашата врска со саканата личност. Проблеми со црниот дроб.

ВОДОЛИЈА

Ова не е поволен ден за вас па може да дојде до губиток на пари или некоја поголема материјална штета која ќе ве погоди. Љубомората полека но сигурно ви создава голем проблем во врската или бракот. Внимавајте на крвотокот и проблемите со циркулација.

РИБИ

Обидете се да избегнувате конфликти и да се воздржувате од расправи. Имате чувство дека партнерот ве притиска на одреден правец што дополнително ве оддалечува од него. Проблеми со циркулација.

Прегледи:
703
Објавено на:
08.04.2019