Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8. АВГУСТ 2019 ГОДИНА

На Овните им се отвораат нови можности, поволен период за Лавовите, на Вагите им е потребен годишен одмор, Стрелецот е задоволен со работата.

ОВЕН

Доколку успеете да ги остварите посакуваните промени, ќе ви се отворат нови можности кои позитивно ќе ве изненадат. Партнерот има очекувања од вас. Ви се чини дека не можете да ги исполните сите. Чувајте се од алергии.

БИК

Во деловното опкружување моментално сте во една пасивна фаза. Денешниот ден не ви носи поголеми промени. Дојде време некои работи да испливаат на виделина. Можеби вашиот емотивен партнер не бил искрен. Пад на имунитетот е нагласен.

БЛИЗНАЦИ
Доколку постапите импулсивно ќе направите грешка. Потрудете се на деловно поле да не влегувате во кавги и конфликти. Ви се допаѓа личност која кон вас има искрени емоции. Можни се проблеми со срцето.

РАК

Потрудете се да најдете начин да ја промените перспективата, а со неа и деловните околности и одлуки. Доколку сте во брак ве очекува тензија со саканата личност. Сѐ повеќе се карате. Избегнувајте масна храна.

ЛАВ

Доколку сте планирале патување може да очекувате дека ќе бидете задоволни. Пред вас е многу поволен период. Можно е да дојде до прекинување на врската во која сте вложиле многу емоции и време. Избегнувајте цигари.

ДЕВИЦА

Ве очекува шанса да преминете на подобра работа. Пред вас се позитивни околности кои ви носат добри промени. Имате потреба за нови случувања и за почеток на нова врска. Ве мачи осаменоста. размислете за диета.

ВАГА

Можеби ви е потребна дистанца од деловното опкружување. Би ви годело да одите на годишен одмор. Преиспитајте се и размислете за грешките кои ги правевте во вашата претходна врска. Проблеми со видот.

ШКОРПИЈА

Вие сте многу одлучни и не ви е тешко да преземете иницијатива и да се свртите кон работата, во оној момент кога ќе ви се укаже добра можност. Ви се допаѓа личност која е подготвена да ви пријде. Проблеми поради стрес.

СТРЕЛЕЦ

Задоволни сте од стуацијата која ја имате на работно поле. Не ве очекуваат промени на ова поле. Уживате во авантурите ии не сте подготвени за сериозна врска. Ви одговара чувството на слобода. Нервниот систем е чувствителен.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате мирен ден. Можно е да бидете многу пасивни на деловно поле. Уживате во добриот однос со партнерот. Заедничките моменти ви се исполнети со нежност. Проблеми со кичмата.

ВОДОЛИЈА

Генерално сте задоволни со околностите на деловно поле и засега немате желба за било какви промени. Сакате да се потрудите околу создавањето подобар однос со саканата личност. Можни се проблеми со коските.

РИБИ

Може да очекувате дека ќе успеете да ги остварите своите цели на деловно поле и дека ќе бидете многу задоволни. Иако сѐ уште патите по личност од минатото, и сами знаете дека вапа среќа е што не е покрај вас. Пад на имунитетот.

Прегледи:
581
Објавено на:
07.08.2019