СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 9. ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА

На Ракот му претстои тежок разговор со саканата личност, кај Стрелецот се можни конфликти на деловно поле, Водолијата има проблеми со холестеролот.

ОВЕН

Ќе направите сѐ што можете да ги подобрите околностите на вашето работно место. Може да очекувате интересно познанство во попладневните часови. Пред вас е многу поволна фаза. Внимавајте на шеќерот.

БИК

Потрудете се да ги поправите грешките кои сте ги направиле претходно, признајте си себеси и на другите дека и вие умеете да направите пропуст. Не сакате да се откажете од врската во која сте иако ситуацијата е многу проблематична.Можни се проблеми со нозете.

БЛИЗНАЦИ

Не ризикувајте било што денес и потрудете се да ги извршите обврските навреме. Можно е саканата личност да не ви посветува доволно внимание и полека се ладите. Ќе имате желба да раскинете. Проблеми со срцето.

РАК

Разочарани сте бидејќи не сте успеале да го постигнете успехот кој сте го посакувале на деловно поле. Потрудете се да прифатите некои вистини. Ве оптеретува разговорот со саканата личност и се ладите од неа. Можен е хроничен замор.

ЛАВ

Избегнувајте преголемо напрегнување и форсирање на нови случувања на работното место бидејќи денот не е поволен за тоа. Вашето импулсивно однесување ве доведува до поголеми проблеми со саканата личност. Можни се проблеми со дишните патишта.

ДЕВИЦА

Не е поволен ден за поголеми трансакции, може да дојде до некои грешки или до некои компликации на ова поле. Доколку сте во брак, можна е криза со саканата личност која трае подолго време. Проблеми со стомакот.

ВАГА

Нема да успеете да ги остварите своите идеи денес бидејќи среќата не е на ваша страна. Потрудете се да бидете трпеливи. Делувате незаинтересирано и партнерот ви го замерува тоа. Можеби се губат емоциите од ваша страна. Главоболка.

ШКОРПИЈА

Финансиите не се стабилни и прилично сте загрижени поради тоа. Можни се компликации. Не сте сигурни во своите емоции и потребно е некое време да дефинирате што сакате. Хормонални пореметувања.

СТРЕЛЕЦ

Можно е да немате добар однос со колегите, денес некои конфликти ќе можат дополнително да се зголемат. Сакате нова љубов, но за жал на тоа поле кај вас сѐ уште нема некои промени. Проблеми со циркулација.

ЈАРЕЦ

Загрижени сте за развојот на ситуацијата на деловно поле и имате впечаток дека околностите се против вас. Несигурни сте и љубоморни и тоа претставува одреден проблем. Подложни сте на депресија.

ВОДОЛИЈА

Не е поволен ден за важни одлуки. Потрудете се да направите сѐ што можете за да се поправи ситуацијата. Ви се допаѓа личност која не покажува отворено што мисли за вас. Проблеми со холестеролот.

РИБИ

Потрудете се денес да бидет доволно тактичари и да балансирате во одредени деловни ситуации. Можеби немате повеќе исти емоции кон партнерот и сѐ почесто размислувате за прекинување на врската. Вкочанетост во пределот на грбот.




Коментари

[fbcomments]