СРЕЌЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Придржувајте се до советите на астролозите за да излезете на вистински пат и да ја дочекате Новата година во најдобро расположение!

ОВЕН

Родените во знакот на Овен ќе доживеат промени на љубовно поле. Зголемената енергија ќе ви помогне да стекнете доверба во себе, да станете успешни и популарни. Во декември ќе запознаете многу атрактивна личност. Во новата година ќе влезете со чувство на топлина во срцето, а ќе бидете опкружени со пријателите, семејството и новата љубов. Ве очекуваат и нови средби со луѓе кои многу ќе ви годат.

БИК

Декември е месецот кога треба да се посветите на себе: одете кај козметичар, на маникир, педикир, обновете ја гардеробата. Подобро е 2019. година да ја завршите во најпозитивно расположение, за да бидете среќни во новата година. Декември е вистинско време за промена на работата, за барање ново хоби, познанства. Астролозите советуваат да се борите против љубомората и да бидете малку поскромни, посебно во комуникацијата со другите луѓе.

БЛИЗНАЦИ

Познато е дека негативната енергија предизвикува разни болести и тегоби. Одмор во декември ќе им помогне на Близнаците да ги решат проблемите со расположението и да го подигнат нивото на енергија. На работното место вреди да покажете повеќе активности, почесто да ја покажувате својата сила и креативност. Тоа ќе доведе до напредување во кариерата. Декември е поволен месец за љубовни врски и моменти со семејството.

РАК

Во декември ѕвездите и планетите ќе им помогнат на претставниците на овој знак да ги исполнат своите соништа. Раковите ќе бидат многу успешни, особено на љубовно поле, така што ќе ја надминат осаменоста. На работа е подобро да преземате едноставни задачи и никому да не му зборувате за своите амбиции и планови за иднина.

ЛАВ

Лавовите во почетокот на декември ќе бидат во голема гужва и тоа во сите животни сфери. Втората половина на месецот ќе донесе стабилност, но и конфликти кои треба да се избегнуваат. Најдобро е Лавовите да се посветат на финансиите: да купат подароци за Нова година, да ја обноват гардеробата, да завршат важни планови.

ДЕВИЦА

Љубовта во декември ќе биде најважна за Девиците кои се во потрага по идеален партнер. На второ место по важност за нив се финансиите и работата. Мора да се обидете мирно да реагирате на критиките и носењето избрзани одлуки. На крајот од месецот мора да издвоите време за семејството и саканата личност.

ВАГА

Вагата секогаш се труди времето да го поминее со семејството. Посетете ги родителите, пријателите. Заедничките семејни патувања и активности добро влијаат врз расположението. Вагата мора да се фокусира на своето здравје. Мора повеќе да се движите и да вдишувате свеж воздух.

ШКОРПИЈА

За Шкорпиите овој месец финансиите се на прво место. Во втората половина на месецот, Шкорпиите можат да очекуваат добиток. Фокусирајте се на подготовките за Нова година. Астролозите препорачуваат да не ги оставате работите за подоцна, да не се откажувате од работата. Активностите ќе ви донесат пари, но и ќе ги оттргнете лошите мисли.

СТРЕЛЕЦ

Родените во знакот на Стрелец во декември ќе направат сѐ за да ја стекнат наклонетоста на личноста која им се допаѓа. Декември ќе биде месец на големите љубовни победи и судбоносни средби. Ако се потрудите да се најдете во друштво на позитивни луѓе, тогаш среќата ќе ви се насмевне и на деловно поле.

ЈАРЕЦ

Секој знак има свои пороци и слабости. На почетокот на демекври, Јарците ќе ги покажат своите недостатоци, кои можат негативно да влијаат врз работата. Нема потреба да да ги навредувате луѓето околу вас и саканата личност. Астролозите исто така препорачуваат ограничување на трошоците на почеток на месецот. Дури и при подготовката за новогодишните празници, парите мора да ги трошите внимателно. Пријателите и роднините ќе ви помогнат да донесете позитивни промени во животот.

ВОДОЛИЈА

Водолијата има ужасни навики од кои мора да се ослободи во декември. Сите проблеми кои ќе и се случат во декември, мора да ги прифати мирно. Водолијата мора да се сети дека сите имаат подеми и падови. Астролозите советуваат да не заборавите дека успехот исто така може да донесе и штета.

РИБИ

Декември е идеално време за физички и интелектуални активности. На работа и во љубовта за Рибите нема да има препреки. Ќе можете да ги остварите своите соништа, да запознаете пријатен човек, да постигнете склад во врската, да ги решите деловните проблеми. Најважно е никогаш да не попуштите пред потешкотиите.

Совет за сите знаци е да се ослободат од непотребните нешта во декември. Исто така, да ја прекинете комуникацијата со негативните луѓе.

Декември е месец кога мора својот дом да го направите позитивен, за да добиете сила за новата година.




Коментари

коментари