Категории

СРЕЌЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

 

ОВЕН
Декември ќе биде доста турбилентен за родените во знакот Овен. Треба да се подготвите за големи случувања кои ќе ви го трансформираат животот. Помрачувањето на Сонцето ќе донесе големи промени. Ќе имате големи трошоци околу реновирање на домот. Некои Овни можеби и ќе имаат преселба. Не грижете се, влијанието на Јупетер ќе ви ги направи сите промени пријатни. Месечината ќе влијае врз вашиот љубовен живот и на финансиски план, додека помрачувањето на Сонцето ќе има влијание врз вашиот духовен живот.
Под влијание на Венера, Овните овој месец ќе бидат доста романтични и страствени. Односите ќе изобилуваат со хармонија. Слободните Овни ќе привлекуваат интересни личности а оние кои се во врска ќе направат чекор напред или ќе раскинат.
Можете да бидете мирни затоа што нема да има поголеми здравствени проблеми во текот на овој месец. Внимавајте на исхраната и редовно вежбајте.

БИК
Помрачувањето на Месечината ќе се случи на 30 ноември и во вашиот живот ќе донесе значајни и трајни промени на љубовен и финансиски план. После помрачувањето на Сонцето ќе се случи и помрачување на Месечината на 14 декември што исто така ќе влијае на сите Бикови.
Оваа астролошка промена ќе донесе подобрување во здравјето.
Ако не сте во врска се наоѓате на раскрсница, или вашиот однос ќе се поправи или ќе ставите крај. Ова ќе биде месец за донесување големи одлуки. Некои бикови ќе имаат шанса да сретнат личност која ќе ги освои на прв поглед. Ѕвездите ви се наклонети, па искористете го овој момент. Присутна е нервоза па се трудите да не реагирате премногу исхитрено, добро размислувајте пред да кажете нешто кое би можело да повреди драга личност.
Здравјето е одлично, нема да имате никакви проблеми, ќе чувствувате налет на позитивна енергија во текот на целиот месец. Внимавајте да не се опуштите премногу во текот на празниците кога е во прашање исхраната.

БЛИЗНАЦИ
Помрачувањето на Месечината значајно ќе влијае на Близнаците. најголеми промени ќе почувствувате на љубовно поле. Можно е да дојде до раскинување но и можност да запознаете личност која ќе ве освои на прв поглед. Ова помрачување ќе донесе и промени на финансиски план. Подгответе се за месец полн со возбудливи случувања. Декември ќе биде предизвик за вас и вашиот партнер. Можни се несогласувања и чести расправи. Ако успеете да го пребродите овој период пред вас е година полна со убави случувања. Меѓутоа ќе има и такви кои ќе донесат големи промени. Слободните Близнаци ќе имаат прилика да запознаат личност која ќе ги заинтригира. Некој од пријателите ќе ве запознае со таа личност. Семејната атмосфера нема да биде поволна. Потрудете се да го одржувате мирот. Повеќе одмарајте, ќе ви годи медитација. Се чувствувате исцрпено и константно уморно. Проверете ја крвната слика.

РАК
Декември ќе биде успешен месец за Раковите, подгответе се за тимска работа со околината. Планетата која владее со вашиот знак се наоѓа во западната половина на графиконот, што значи дека не е поволен период да започнете самостојни работи и да правите ризични вложувања. Добро набљудувајте што се случува околу вас. Овој месец особено морате да бидете внимателно затоа што и најмалиот пропуст може да ве кошта многу. Помрачувањето на Месечината ќе влијае на сите Раковите. На удар ќе биде вашата самодоверба и можете да почувствувате мал пад на енергијата. Во однос со пријателите и семејството ќе се случат одредени промени.
На 15 декември можни се промени на љубовен план а после тоа следи мирен период. Слободнте Ракови ќе имаат љубовни авантури. Можно е да пронајдете нова љубов на работното место. Во семејството можна е тензија која ќе доведе до несогласувања. Бидете паметни и избегнувајте расправии. Здравјето е солидно без големи промени, астролозите советуваат да обрнувате внимание на исхраната.

ЛАВ
Помрачувањето на Сонцето на 14 декември бара од Лавовите промена на изгледот и личноста. Финансиските стратегии и методи мораат да се менуваат. Богатството ви се насменува овој месец. Помрачувањето на Месечината ќе донесе некои нови размислувања во духовноста.
Лавовите ќе имаат хармоничен однос со сопружниците овој месе. Страста ќе владее после 16 декември. Оние кои се сами ќе влетаат во нова љубовна афера. Слободна изразувајте ги вашите чувства. Семјната среќа е она кое ќе ги опркужува Лавовите во декември. Семејните собири ќе бидат крајно среќни. Децата ќе уживаат во среќа и љубов. Семејните трошоци нема да го надмиант вашиот буџет. Декември на Лавовите им донесува благосостојба, нема да имаат никакви здравствени проблеми. За да бидете уште поздрави, редовно правете детоксикација на организмот. Вежбајте и придржувајте се до здрава исхрана.

ДЕВИЦА
Девиците ќе мораат да обрнат внимание на семејните односи. Кариерата и другите амбиции овој месец ќе бидат во друг план. Што и да правите треба совите работи да ги засновата на емоционална благосостојба. Помрачувањето на Сонцето на 14 декември донесува големи промени во семејните врски. Вашиот успех овој месец зависи од вашата способност да урамнотежите различни фактори од својот живто: кариера, семејство, љубов но и лично задоволство. Девиците овој месец ќе уживаат во љубов со сопружниците. Ќе има и недоразбирања но ќе морате да направите комрпомис. До 15 декември љубовта ќе цвета. Девиците кои досега биле без партнер, љубовта ќе ги пронајде на семејни прослави. Работете на комуникацијата – тоа ќе го поправи вашиот љубовен живот. Во семејството, атмосферата ќе биде доста нарушена. Децата ќе бидат особено погодени од негативна ситуација во семејството, на вас е да ја смирите ситуацијата.
Морате да научите да се опуштите. Своето здравје можете да го нарушите со брзиот ритам на живот. Празниците ќе допринесат малку да одморите. Сконцентрирајте се на она кое ви е вам важно.

ВАГА
Долгото помрачување кое значително влијае на Вагите е помрачувањето на Сонцето, кое ќе се случи на 14 декември. Тоа ќе влијае на академското растење и друштвените и лични односи на Вагите. Ќе ја преиспитувате својата духовна состојба и верба, и ќе имате прилика да направите грешки кои ќе ги променат вашите уверувања. Вагите овој месец ќе водат жестоки разговори со својот партнер, но и околу финансиски прашања. Ќе го вклучите својот интелект. Оние Ваги кои се сингл треба да се подготват затоа што ги очекува голема романтика и пријатни мигови. Љубовта ќе ве пронајде доста брзо. Ќе запознаете некој сосема позитивен. Во семејството ве чека свечена атмосфера полна со многу прослави и забави. Семејните финансии се доволни за покривање на сите трошоци. Напредокот на децата ќе биде видлив. Семејната атмосфера ќе биде исклучително пријатна. Вагите мораат да бидат внимателни кога е во прашање здравјето. Можни се доста стресни ситуации кои бараат одмор. Сериозни болести ќе се вратат и доста е важно навреме да се јавите кај вашиот лекар. Занимавајте се со спорт и медитација. Некаде ќе добивате а некаде ќе губите. На работното место атмосферата ќе биде конфликта поради негативни соработници.

ШКОРПИЈА
Многу убави животни промени ги очекуваат Шкорпиите во месец декември. Положбата на ѕвездите во текот на овој период овозможува финансиски просперитет и одлични семејни односи. Помрачувањето на Сонцето ќе влијае позитивно на сите Шкорпии. Ќе успеете да ги надминете сите тешкотии на кои ќе наидете и ќе напредувате многу. Во фокусот е успех во кариерата и одлични финансии. Сега е вистински и најповолен миг да осигурате подобра иднина. Ако имате партнер кој знае да го толерира вашиот силен темперамент, се ќе биде идилично овој месец. Нема да ви недостига ни страст во вашата врска. Се ќе биде совршено и хармонично. Слободните Шкорпии ќе пронајдат партнер на работното место, особено после 15 декември. Проблемите на семејно поле можат да бидат само финансиски, но со добар финансиски план тоа може лесно да се спречи. Мооже да дојде до потполно непотребни тензии. Избегнувајте конфликти со членовите од семејството. На ова поле во текот на декември нема проблеми. Влијанието на марс се движи во ваша корист кога е во прашање здравјето. Ќе бидете полни со енергија, позитивни и весели. Хроничните заболувања ќе бидат под контрола. Ќе имате многу прилики за да се докажете на работното место, можеби и ќе напредувате.

СТРЕЛЕЦ
Ова ќе биде особено турбулентен месец за вас. Марс ќе влијае на вашиот знак и ќе донесе некои промени кои не сте ги очекувале, затоа е време да ги земете конците во свои раце и да се посветите на себеси и личните желби и цели. Ако имате малку повеќе храброст овој месец ќе излезете како победници. Помрачувањето на Сонцето ќе влијае на вашата престава за себе, но и на љубовниот статус. Сите ваши недостатоци ќе излезат на површина и самодовербата ќе ви биде нарушена. Ако се посветите на себе, следи радикално подобрување после декември. Ѕвездите ви нудат прилика да промените се што ве мачи, а резултатите нема да изостанат ако се потрудите. Љубовниот живот ќе биде исклучително добар поради поволното влијание на Марс на вашиот знак. Слободните Стрелци ќе имаат прилика за интересно познанство. Ќе запознаете личност која ќе ви одговара во се. Внимателно гледајте, затоа што е можно тоа да е некој од вашето опкружување. Во семејството односите ќе бидат хаотични, недостасува хармонија а чести се и расправии. Семејните трошоци ќе го надминат буџетот а тоа е најчеста причина за вербални конфликти. Здравјето ќе биде разнишано. Неопходно е да водите повеќе грижа за животните навики и исхраната. Астролозите советуваат внесување на витамини.

ЈАРЕЦ
Јарците ги очекува исполнување на сите желби. Харизмата ќе ви биде одлична, ќе сјаете со самодоверба. Кој предизвик и да ви се наметне ќе бидете во состојба лесно да го надминете, важно е само во текот на овој месец да си поставите јасни цели кои сакате да ги исполните и да тежнеете кон тоа. Декември во вашиот знак ќе донесе и преиспитување на минатото и нагон за големи промени. Ќе барате среќа претежно преку самоанализа на својата личност. Ако сте во нестабилен брак, овој период ќе ви биде тежок и турбулентен. Ќе ви биде потребна добра тактита од другата страна за да ги надминете тешкотиите. Од друга страна, слободните Јарци ќе имаат мноштво прилики за нова љубов до 16 декември под влијание на Венера. Квалитетните и стабилни врски на Јарците во овој период ќе ги одведат во брачните води. Во семејството финансиите ќе бидат причина за грижа и расправии. Односот со старите членови ќе биде благо кажано – хаотичен. На здравствено поле нема да имате некои проблеми. На крајот од месецот треба што повеќе да се опуштате. Фокусирајте се на важните нешта и ќе останете витални и полни со енергија. Ова е период кога не смеете да заборавите на физичката активност и правилната исхрана. Ќе имате повеќе работа од вообичаено, а наградите и признанијата нема да изостанат. Постои можност за деловно патување кое ќе ви донесе бенефиции.

ВОДОЛИЈА
Во текот на декември Водолиите ќе бидат сконцентрирани на сопствената волја и личните желби. Ќе успеете да ги насочите животните околности да ви одат од рака но на тој пат ќе морате да водите сметка за другите луѓе. Помрачувањето на Сонцето ќе донесе промени на полето на друштвениот живот кое може да доведе до промени на работното место. Водолиите овој месец трагаат по совршенство и духовност. Под влијание на Марс ќе бидат посензуални од било кога а Венера ќе се погрижи за романтиката. Брачниот живот ќе биде поубав од било кога. Слободните Водолии ќе имаат многу прилики да запознаат нови луѓе но само ретки ќе одговараат на нивната невообичаена природа. Во семејството, околностите во декот на декември ќе бидат одлични. Ќе ја имате поддршката на постарите членови од семејството а атмосферата генерално ќе биде весела и полна со радост. На здравствено поле пристигнуваат одлични вести. Промената на начинот на живот ќе успее да ги ублажи многу хронични болести. освен тоа овој месец ќе изгледате одлично и ќе се чувствувате добро одвнатре.

РИБИ
Месец декември за Рибите носи многу возбудувања, но и турбуленции. Ќе бидете на мета на вербални конфликти и стресни ситуации. Поради положбата на планетите ќе ве обзема желба да бидете лидер во се што правите. Размислете повторно затоа што соработката со околината може да ве поштеди од стрес и ќе ви ја олесне работата. Помрачувањето на Сонцето сериозно ќе влијае на сите Риби. Главна промена ќе почувствувате на полето на кариерата и љубовта. Наоружајте се со трпение, декември ќе биде напорен месец за вас. Ќе бидете љубоморни и страствени. Разговарајте со партнерот со цел да избегнете стрсни ситуации. После 21 декември започнува мирен период поради позитивното влијание на Меркур врз вашиот знак. За слободните Риби е поволен период за љубов и трае се до 16 декември. Во семејството ќе има доста конфликти. Постарите членови нема да ви се наклонети. Помрачувањето на Месечината ќе ви донесе доста стрес затоа искористете ја секоја можна прилика да се опуштите и да работите повеќе нешта кои ве прават среќни. Не постои можност за здравствени проблеми. Астролозите советуваат да не се впуштате во сериозни спортски активности.

Прегледи:
2910
Објавено на:
30.11.2020