Категории

СРЕЌЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

Прочитајте што донесува новиот месец за секој хороскопски знак на деловен и љубовен план. 

ОВЕН
Можно е да почувствувате поголема тензија од вообичаеното обидувајќи се да балансирате помеѓу работата и домот. Во овој месец ќе ви биде потребна поголема помош околу домашните обврските за тоа што можностите за напредок во вашата кариера ќе бидат големи. Новата Месечината ќе ви донесе нов почеток и многу благосостојба на вам и вашето семејство.
Некој во вашето опкружување можно е да ги сокрива своите чувства спрема вас.

БИК
Доколку се занимавате со издаваштво или рекламирање, ви претстои добар напредок овој месец. Ќе доживеете авторитативен статус кој сте го очекувале долго време. Внимавајте во периодот од 7 до 27 јули, можно е да се опуштите премногу и да пропуштите важни рокови за одредени задачи.
Не грижете се за туѓото мислење. Ако сте одбиени на љубовен план запомнете дека постои божествена сила која ве заштитува и на тој начин го отстранува од вашиот живот она кое не е за вас.

БЛИЗНАЦИ
На 5 јули пристигнува конечно ослободување од одреден долг кој ви бил терет веќе подолго време. Тоа ќе ви овозможи повторно да застанете на цврсти нозе.
Ретроградниот Меркур завршува на 12 јули а Новата Месечина ќе ве насочи кон фокусирање на поголема заработка и нови можности на работното месето. Ве очекува блескава промена.
На љубовен план ве очекуваат нови откритија кои ќе испливаат на површина, можно е да откиете дека вашиот партнер не е толку совршен колку што сте го замислувале.

РАК
Доколку вие и вашиот партнер се натпреварувате кој е по супериорен во вашата врска, овој конфликт завршува на јули 5. Двата ќе почнете да се трудите да бидете поддршка еден на друг и ќе сфатите дека заедничката среќа е поважна. Ве очекуваат доста позитивни и среќни моменти поминати заедно.
На деловен план може да почувствувате дека вашите идеи не се доволно ценети, ве очекува значителен напредок на 20 јули кога сите аспекти од вашиот живот ќе почнат да се движат на нагорна линија.

ЛАВ
На некоја ваша работа и доаѓа крајот на 5 јули. Ако таа веќе долго време претставувала пречка да ги остварите вашите желби и цели, оваа промена ќе ве натера да здивнете. Ако сте сопственик на бизнис, можно е да се соочите со тешка одлука околу некој ваш вработен.
Можно е да се двоумите помеѓу напредок на деловен план и следење на вашата страст околу некое хоби.
На љубовен план ве очекува не така поволен месец. Ќе избегнувате интимност и разговори за вашите чувства затоа што ќе сметате дека тоа ќе ве направи ранливи. Внимавајте, може да е премногу доцна кога ќе сфатите дека сте го игнорирале вашето срце и сте пропуштиле важни шанси.

ДЕВИЦА
Овој месец ќе биде во знакот на љубовта. Ако имате некој посебен во вашиот живот, ќе сфатите дека сте се се заљубиле во него и не сакате да го испуштите. Поврзаноста помеѓу вас ќе расте од ден на ден и ве очекува продлабочување на врската на емоционално ниво.
Доколку сте сингл, преиспитајте се себеси што всушност очекувате од вашиот потенцијален партнер и бидете отворени околу тоа со потенцијалниот партнер.
Ако помеѓу вас и некој ваш драг пријател постои одредена напнатост, време е да поразговарате отворено. Ова е идеален период за проширување на вашиот социјален круг.

ВАГА
Овој месец ви донесува значајни промени на деловен и емоционален план. Значаен настан може да ве натера да ја промените вашата локација на живеење.
Шансите за успех во овој месец се доста поволни и сигурни, не плашете се да превземете ризици кон оние цели кои порано ви изгледале доста несигурни.
На љубовен план можни се несогласувања со вашиот партнер. Внимавајте кога изговарате одредени зборови кои можат да ја зголемат тензијата меѓу вас.

ШКОРПИЈА
Овој месев ве очекуваат решенија за многу ваши договори и легални работи иако на прв поглед може да не ви изгледа така, бидете сигурни дека конечно можете да здивнете.
Од 12 јули ве очекува светло на крајот од тунелот. Можно е потпишување на доста важен договор при крајот на овој месец.
На љубовен план, вашиот партнер може да претрпи финансиски загуби во периодот околу 27 јули, бидете му од помош во организацијата на финансиите.
Доколку сте сингл, можно е да запознаете некој кој ќе сака да ја искористи вашата емоционална наклонетост за да успее на деловен план.

СТРЕЛЕЦ
Ви се отвораат нови врати и можности кон нов деловен успех, но сето тоа ќе резултира со завршување на некоја ваша претходна работа. Не плашете се затоа што ова се добри вести. Новата можност ќе ви донесе уште поголема добивка.
На љубовен план склони сте кон согледување на нештата подобро од тоа како што навистина изгледаат.

ЈАРЕЦ
Ве очекува доста емоционален месец. На 5 јули ве очекува значаен пресврт во вашиот живот, околу некоја ваша блиска врска на деловен или љубовен план. Започнува нов сегмент на вашето растење и созревање.
Од 20 јули започнува идеален период да започнете да чекорите во нова насока со некоја важна личност во вашиот живот, ве очекува емоционална стабилност и зацврстување на довербата.

ВОДОЛИЈА
Изморени сте од лошата комуникација помеѓу вас и вашите колеги и чувството дека работата која ја работите не е за вас. Ако сте направиле се што е во ваши раце за работите да почнат да функционираат и сеуште нема позитивен исход, можеби е време да го прифатите фактот дека треба да се отворите кон нови цели и перспективи. Ве очекуваат нови опции од 12 јули, тоа е идеален период за пополнување на нови апликации. Очекувајте интервјуа за нова работа од 20 јули, некои од нив можат да нудат одлични шанси.

РИБИ
Некој ваш близок пријател има проблеми на љубовен план но не сака да ви ги открие, обидете се да му помогнете и да му пружите поддршка да зборува отворено за нив.
Вашиот љубовен живот ќе ви делува како една колема конфузија. Ако некој поранешен партнер се вратил во вашиот живот поради некоја причина, тоа може да предизвикува враќање на некои стари чувства. Ослободете се од токсичните врски и продолжете напред. Новата Месечина ќе ви помогне во ова.

Прегледи:
678
Објавено на:
01.07.2020