СРЕЌЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА

Нов месец, нови предизвици! Што го очекува вашиот хороскопски знак во октомври? Дознајте повеќе.

ОВЕН

На почеток на овој месец мора да се сконцентрирате на завршувањето на обврските од претходниот период, за да не дозволите целиот месец да ви биде напорен и премногу активен. Ако не ги завршите тие обврски нема да имате време за одмор, релаксација, но и забава. Ќе запознаете една интересна личност во текот на третата недела од месецот. Сепак, знаете дека никогаш не би можеле да го изневерите партнерот, бидејќи помеѓу вас има многу љубов и емоции.

Многу парови поминуваат низ кризни периоди, особено кога врската е долга и кога емоциите спласнуваат. Постојано мора да работите на усовршувањето на вашата врска и да барате решение за проблемите кои ќе бидат во сѐ поголем број. Осетливи сте на промената на времето, а како изминува месецот вашиот организам сѐ побурно ќе реагира и едноставно немате сила за ништо. Сепак, со тек на времето, организмот ќе се привикне на новата рутина.

БИК

Сосема неочекувано ќе бидете фатени во туѓа замка иако ни сами не сакате да сфатите за што стнува збор. Никогаш не треба да застанете помеѓу два пријатели во кавга, мора да ги оставите сами да ги решат проблемите. Потребно е време за тоа, но ако се вмешате работите може само да станат покомплицирани. Обидете се да ја зачувате честа и угледот, иако повеќе од очигледно е дека на вашата љубовна врска и се ближи крајот. Не се расправајте преку пријателите и не ја откривајте интимата во јавноста, тоа е многу лошо и ќе останете повредени доколку го направите тоа.

Без обзир на тоа кој е крив, тоа е сега најмалку важно, најважно е да останете во одбри односи, на тој начин подобро ќе се чувствувате.Трудете се да го поправите односот со една личност со која не сте се разделиле на мирен начин, но таа личност сѐ уште не ви простила за некои работи, па поради тоа смирувањето може да почека. Многу пати досега сте пателе поради пропуштените можности, а ова ќе биде една од нив. Но, по некое време ќе ви биде полесно да ги сфатите своите грешки и да извлечете лекција од нив.

БЛИЗНАЦИ

Се ближи крајот на годината, а вие се чувствувате како да не сте направиле доволно и дека нема да имате доволно време за сѐ. Се чувствувате како времето да лета, а вие ништо не сте постигнале, а колку повеќе брзате само си создавате поголем притисок. Погледнете околу себе и видете што сѐ пропуштате. Не дозволувајте да го изгубите својот живот посветувајќи се само на работата наместо да се забавувате. Ако се занимавате со приватен бизнис, можни се големи трошоци и ќе ви биде потребно повеќе време да ја средите финансиската ситуација.

Овој месец ќе ви се намали приливот на финансии, но веќе од следниот месец ќе биде подобро. Ќе имате сила да се изборите со сите неволји кои доаѓаат, но како резултат на тоа ќе почувствувате мало влошување на здравствената ситуација. Кога станува збор за љубовта, ве очекува мирен и стабилен период, без разлика дали сте во кратка или долга врска, или пак брак. Вие и вашиот партнер функционирате феноменално, слични сте и сакате мирни вечери со некој добар романтичен филм. Многу добро се разбирате дури и кога не комуницирате и одлично се надополнувате. Тоа се емоции кои во денешно време ретко можат да се остварат со спротивниот пол.

РАК

Со оглед на околностите овој месец за вас ќе започне работно, а како ќе одминува времето ќе имате повеќе време за дружење со пријателите и семејството. На работа ситуацијата не е одлична. Иако сѐ изгледа во ред, има многу колеги кои одвај чекаат да ви го видат грбот. Вие не сте свесни зошто има толку негативни луѓе, но веројатно се плашат дека ќе останат без работа. Сепак, не ја сакате кај луѓето таа дволичност и обидете се да ги оддалечите од себе тие луѓе.

Чувствувате горчина бидејќи изгубивте контакт со една личност која ви прирасна за срцето, а ни сами не знаете зошто. Сепак, не се откажувајте од таа врска, па макар и да е само пријателска, оставете ја таа личност да се „олади“ барем неколку седмици, а потоа повторно стапете во контакт, можеби овој пат работите ќе бидат поинакви. Имате проблем со лумбалниот дел на грбот и од месец во месец состојбата се влошува. Не ја одложувајте посетата на доктор, обрнете внимание на здравствената состојба и на своите потреби, никако не ги слушајте советите на луѓето кои воопшто не се разбираат од таа тематика.

ЛАВ

Напнатоста на работа е очигледна и видлива. Некои колеги се вашата главна конкуренција за унапредување и само нијанси одлучуваат кој од вас ќе напредува, но врз тоа не може да влијаете ни вие ни тие, и затоа е подобро губитникот да му пружи рака на победникот. Мора да ги зачувате добрите меѓучовечки односи, бидејќи кој знае, можеби наскоро ќе се најдете во заедничка канцеларија – никогаш не се знае што носи иднината. По неколку бурни недели со партнерот, конечно работите се стишуваат и повторно може да уживате во убавата и пријатна љубовна врска со многу емоции и страст.

Работите не се онака како што треба помеѓу вас, во многу ситуации сте погрешиле, во неколку ситуации и вашиот партнер бил крив, но сега тоа е помалку важно, она што е важно е дека овој месец ќе дојде до стабилизација на врската, па на крајот од месецот може и да се почестите и со некое заедничко патување. Стресниот период е позади вас, но всушност тоа е најголемиот ризик за здравјето. Во оној момент кога ќе помислите дека бурата поминала и дека вашето здравје е сега во ред, кога најмалку се надевате може да ви се случи нешто што ќе ви го загрози здравјето, а тоа со себе носи и физички и психички последици. Сепак, со редовна терапија и правилен третман, вашата состојба може да се контролира и да се излечи засекогаш.

ДЕВИЦА

Ризикот мора да го преземете порано или подоцна, кој не ризикува тој не си дозволува себеси да напредува, а и ако изгуби, добива една вредна лекција од која ќе научи многу. Вие не сакате многу да ризикувате, едноставно не сте таква личност, но можеби е време да почнете бидејќи ќе се исплати доколку направите нешто ново и поинакво.

Не сакате да штедите, а кога имате пари гледате да ги потрошите што побргу. Сепак, таа ваша особина мора да ја смените под итно, особено во ова несигурно време кога луѓето се плашат да не останат без работа и редовен прилив на пари. Здравјето е нестабилно и овој месец самите сте виновни поради тоа. Нередновна исхрана, многу лоши навики во исхраната како и алкохол, а тоа е само поради тоа што не можете да одбиете покана од друштвото. Ова не е причина да го нарушите вашето здравје, па затоа во иднина бидете внимателни.

ВАГА

Обрнете внимание на можностите за јавни настапи во првата и втората недела од овој месец. Внимавајте што зборувате за да не бидете погрешно сфатени од некои луѓе, а особено поради тоа што конкуренцијата го прати секој ваш чекор. Ако направите грешка, тоа може да доведе до губење на клиенти, но и до пад на вашите комуникациски способности.

Поврзаноста со саканата личност е на максимум, убаво се сложувате и уште подобро се разбирате и секако, има уште многу место за напредок, но се гледа дека вашата врска се движи во нагорна линија и така ќе биде и во иднина. Вашата блискост од ден на ден се подобрува со искрените разговори, секогаш треба да работите на тоа да се запознаете што подобро и своите маани да ги претворите во доблести.

ШКОРПИЈА

Овој месец ви носи многу авантури, некои добри, некои лоши, таков е животот, а вие веќе сте навикнати на тоа. Искористете ја секоја можност на најдобар начин. Не треба да пропуштите ниедна шанса бидејќи не можете ништо да изгубите, туку само да добиете.

Признајте си себеси дека односот со партнерот не е одличен и мора да се потрудите повеќе ако сакате да го подобрите, никој нема да го направи тоа наместо вас. Ако сакате оваа врска да успее, мора да се трудите секојдневно, дури и кога не делува лесно, бидете упорни и резултатите секако нема да изостанат.

СТРЕЛЕЦ

Само со напорната работа може да стигнете до целта и тоа е вашето мото и вашата ѕвзда водилка. Не верувате во брззата заработка, не верувате во некои чуда каде што за кратко време може да заработите многу пари, само е потребно да бидете вредни и да верувате во себе и успехот нема да изостане. Обидете се да најдете рамнотежа помеѓу ризиците, трошоците и приходите.

Организмот ви е слаб и исцрпен и секоја година во овој период така се чувствувате. Не може да се навикнете на честата промена на времето и едноставно поради тоа силата ви опаѓа, а имунитетот слабее. Потрудете се да јадете што повеќе здрава храна, исфрлете ги слатките и шеќерот, а внесувајте што повеќе зеленчук и овошје. На тој начин ситуацијата ќе се подобри.

ЈАРЕЦ

Постојат извесни потешкотии околу реализацијата на посакуваните проекти, но тие препреки многу лесно ќе ги надминете ако му пристапите на проблемот зрело и мирно. Не паничете бидејќи на тој начин ќе сиотежнете себеси рационално да размислувате и да најдете решение. Доколку ви е тешко да дојдете до решение слободно побарајте помош од вашите колеги, а особено од вашите претпоставени кои имаат повеќе искуство со таквите ситуаации. Криете некои тајни од саканата личност и се плашите еден ден да не излезат на виделина. Затоа, внимавајте кому му ги откривате своите најдлабоки чувства, не ги откривајте дури ни пред оние во кои имате најголема доверба.

Многу мудро и проверено ги чувате тешко заработените пари и не дозволувате другите лесно да ве убедат во што треба да ги вложите парите. Имате многу избори кога станува збор за инвестиции, но сѐ уште сакате да почекате нешто сигурно и проверено. Здравјето не ви е загрозено, но треба да ги промените навиките во исхраната. Пред сѐ, потребно е овој месец да ја проверите крвната слика, тоа треба да биде првиот чекор.

ВОДОЛИЈА

Во првиот дел од месецот ќе имате можност многу лесно да го наполните својот буџет. Потребно е малку спретност и брзина и доколку инвестирате во вистински нешта, парите ќе ви се вратат многу брзо и тоа двојно повеќе. Не ја откривајте оваа можност пред голем број на луѓе, бидејќи на тој начин вашите шанси за добивка ќе се намалат. На средината од месецот, еден важен настан ќе ве натера добро да размислите за својот живот и за она што сте го постигнале. Анализирајќи се, ќе сфатите дека не сте задоволни.

Мора да работите повеќе на себе и на својот живот ако сакате да бидете задоволни и исполнети, а моментално вашата цел ви изгледа далечна. Сепак, секоја цел е достижна, а дали ќе ја остварите или не, зависи само од вас. Немате складен однос кога станува збор за вашата свежа љубовна врска, и на самиот почеток гледате дека работите не функционираат онака како што треба. Сепак, врската е на самиот почеток и потребно ви е време да се навикнете еден на друг, бидете трпеливи, не се откажувајте така лесно, обидете се да развивате врска, а ако не ви оди, тогаш не преостанува ништо друго освен секој да тргне по својот пат.

РИБИ

На почетокот на месецот ќе мислите дека светот е под вашите нозе и дека сите врати ви се отворени, но една грешка на крајот на првата седмица целиот труд кој сте го вложиле во напредокот на деловно поле ќе биде избришан. Толку се трудевте да внимавате на сите детали, но еден детал ќе ви го уништи целиот труд и ќе ви биде потребен голем напор да се извлечете од ситуацијата. Љубовта е за вас само еден од начините да бидете повредени. Никогаш не сте знаеле да сакате, но секогаш имате некој изговор зошто влегувате од врска во врска.

Доколку не се опаметите во текот на месецот, постои шанса никогаш да не најдете личност која ќее ги трпи сите ваши маани и која ќе ви помогне да ги поправите своите негативни карактеристики. Потрудете се да го направите тоа додека сѐ уште не е доцна. Не сакате да се замарате со туѓите здравствени проблеми, но исто така ги запоставувате и своите, а тоа никако не е добро. Сѐ она што ви пречи во исхраната мора да го елиминирате за да не дојде до влошување на варењето и дигестивниот систем. Обидете се барем неколку пати во неделата да внесете физичка активност во вашиот дневен распоред, ќе се чувствувате подобро и ќе имате повеќе сила и енергија.




Коментари

[fbcomments]