СРЕЌЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Близнаците не веруваат во пријателствата со спротивниот пол, Вагата има одлична комуникација со саканата личност, Рибите се полни со самодоверба.

ОВЕН

На почеток на месецот чувствувате многу енергија која ќе се прошири и во втората третина од овој период. Сепак, нема да можете да го издржите брзиот ритам така што малку ќе попуштите со бројот на активности о третата седмица од овој месец. Почетокот на втората недела од месецов е идеален за склопување нови пријателства, па најдобро е тогаш да излегувате и да се движите помеѓу луѓе.

Ако сте во врска се чувствувате како да сте под притисок и под постојан надзор што ќе доведе до напнатост и непријатност. Комуникацијата поради тоа ќе биде отежната и помеѓу вас и партнерот честопати ќе доаѓа до бројни недоразбирања на кои не им се гледа крајот. Не реагирајте на ситните провокации туку задржете ја смиреноста, бидејќи љубовта отсекогаш била игра на нерви каде што победува оној кој е најсмирен.

Кога се работи за здравјето, ситуацијата оди на подобро. Од ден на ден напредувате во секој поглед и наскоро ќе се чувствувате подобро од било кога. Некои негативни мисли мора да ги елиминирате од вашата глава ако сакате на вистински начин да реагирате на проблемите и на некои непредвидени ситуации кои не можете да ги спречите ниту пак да ги запрете.

БИК
Премногу мечтаете и вашите моментални желби не се во директна врска со реалноста. Имате некои цели кои моментално се далеку од реалната состојба, сметате дека сте најдобри и недостижни, а вистината е сосема поинаква. Ќе имате шанса да се спуштите на земја по еден искрен разговор со вашите колеги и надредени. Не бидете површни и неискрени кон саканата личност, тоа ни вие не го сакате, а она што не го сакате не правете им го на другите.
Промена на расположението ве прати во текот на целиот месец, еден ден ќе се чувствувате добро и одморени, а веќе следниот ден депресивни и тажни. Тоа е само период кој нема да трае долго, така што не грижете се. На крајот на месецот ќе добиете желба да го преуредите животниот простор.

Некоја промена ви е потребна во животот, а тоа не мора да биде голема, доволно е да промените само некои детали за да го освежите просторот во кој поминувате добар дел од денот. Ова ќе доведе до тоа да се чувствувате подобро и порасположени, а ќе имате доволно причини да ги побарате вашите пријатели за да се дружите.

БЛИЗНАЦИ

Имате разбирање за секого, но немате за оние кои се здодевни и кои упорно се обидуваат да стапат во контакт со вас иако повеќе пати суптилно сте им наговестиле дека немате намера да се запознаете со нив и да стапите во некои интимни разговори.

Вам ви е потребно време некого да запознаете и да остварите пријателски однос, а не верувате многу во пријателствата помеѓу маж и жена. Останува сѐ помалку време за напредување на работа, ситуацијата е таква што претпоставените не ги гледаат вашите вашите резултати и вашите деловни успеси, туку го гледаат својот личен интерес, а така треба и вие да постапувате со другите, особено кога водите искрен разговор со колегите. Не се трудете премногу да остварите успех, туку потрудете се што помалку да работите.

Дојде време да ги отстраните вишокот килограми. Свесни сте дека без физичка активност не може да постигнете најдобри резултати но никако да најдете доволно време за тоа. Овој месец е идеална можност за тоа.

РАК

Не може повеќе да им препуштате на другите да прват сѐ наместо вас. Цел живот зависите од другите, секогаш ги префрлате обврските и одговорностите на пријателите и семејството, а вие само наредувате што треба да се прави. Тоа не е фер и време е да станете зрела и одговорна личност која сама ги завршува сите работни и приватни задачи во текот на целиот ден. Вие сте во состојба тоа да го правите, само не сакате да ја трошите енергијата.

Вашата љубовна врска е само врска од навика. Нема многу емоции, а понекогаш се прашувате дали воопшто некогаш постоеле и дали ви требаше ова во животот. Партнерот живее некој свој живот, има свое друштво и свои обврски кои не ве вклучуваат вас во таа приказна, кога сте заедно секогаш е на телефон и се договара со пријателите, а тоа ве повредува и ве тера да се оддалечувате уште повеќе од него.

Повторно имате проблеми со непцата и со забите, треба што побрзо да го решите тој проблем. Отсекогаш сте имале проблеми со усната шуплина, па затоа треба многу да внимавате на забите.

ЛАВ

Нема многу промени овој месец кога станува збор за работата. Всушност тоа и ви одговара, не сакате да го менувате работното место и работната позиција бидејќи немате големи одговорности, а работата е релаивно лесна, а динамиката меѓу колегите функционира беспрекорно.

Несогласувањата се сѐ почести меѓу вас и саканата личност, не можете да се договорите околу некои ситници, а понекогаш тоа го правите од инат бидејќи сте и понатаму лути поради една грешка од минатото преку која не можете да поминете.

Имате постојана потреба за вода, премногу се потите во последно време и најдобро е да направите крвна слика за да ја проверите состојбата на нивото на шеќер и холестерол во крвта. Иако се трудите да се храните здраво, понекогаш имате потреба за слатко и за покалоричен оброк.

ДЕВИЦА

Сакате да започнете сопствен бизнис но моментално немате доволно финансии за сами да влезете во таа приказна. Се обидувате да убедите неколку блиски луѓе да започнат соработка со вас, но никој не смета дека тоа е добра идеја.

Поддршката од саканата личност сепак изостанува, имавте во план да одите на некои пократко патување за да поминете неколку денови насамо, но вашиот партнер не е во состојба да земе неколку слободни денови што е причина за нова кавга. Не сте на иста бранова должина и тоа е причината за многу расправии. Ако врската не напредува, а не сакате да ја прекинете, потребно е да вложите многу напор и лични емоции за сѐ да биде во ред.

Овој месец нема да имате некои поголеми здравствени проблеми и тоа е вистинско чудо со оглед на тоа дека болежливи.

ВАГА

Не ги сакате колегите кои ве озборуваат позади грб, но овој месец едноставно нема да имате време да се замарате со нив. Веќе подолго време слушате невистини кои се шират за вас, но не знаете како да ги убедите вашите деловни соработници дека тоа е лага која ја пласира одредена личност која чувствува завист кон вас.

Убаво време и одлична комуникација со саканата личност се две работи кои ви се потребни да се опуштите и да не заборавите на сите проблеми кои ги имате и кои ве окупирале во претходниот период. Обидете се да не се нервирате поради сите приказни за вас и тоа ви успева кога сте со партнерот.

Првиот дел од месецот носи некои негативни емоции поради кои ќе се чувствувате уморно и исцрпено. Колку и да сакате да се оттргнете од тие чувства, едноставно нема да можете да направите да исчезнат. Поради тоа трпеливо почекајте ја втората половина на месецот кога сѐ ќе биде многу подобро, располоожението ќе биде на повисоко ниво и ќе имате волја да поминувате време со семејството и пријателите секој ден.

ШКОРПИЈА

Ве чекаат потешкотии на работното место и ов0ој месец, а тоа го очекувавте. Ако не сте во работен однос, идеално време е за барање на работа на средина на месецот кога се отвораат некои нови поглавја. Вашиот настап во јавноста е одличен, имате добри начини на комуникација со деловните партнери и тоа досега не ви претставувало проблем.

Ако сте слободни, ситуацијата нема да се промени и овој месец, иако на средината на септември имате можности за флерт. Но, тоа е сепак само минлива авантура која нема некоја светла иднина и од вас зависи како ќе се развива понатаму. Ако не барате сериозна врска, не може ни да ја најдете. Денес е тешко да се запознае некој кој има сериозни намери, а таков е случајот за слободните Шкорпии кои сакаат врска но моменталната ситуација во љубовта не ветува многу.

Чувствувате болки во колениците и нозете, потребно е малку да ги забавите ритамот бидејќи не може цел ден да бидете на нозе без последици. Во консултација со доктор може да земете некои суплементи и препарати за да го обновите својот коскен нервен систем.

СТРЕЛЕЦ

Нема да можете да молчите и да слушате како ви озборуваат вашите најблиски пријатели, а знаете дека ништо лошо не сте направиле. Ве очекуваат многу расправи на тема деловни случувања и од повеќето ќе излезете како победник, само е потребно да ги чувате своите аргументи и да ги користите само тогаш кога е потребно и да останете фер и достоинствени како и досега. Не ги откривајте тајните на вашите противници иако знаете многу нешта за нив.

Заборавете на напнатоста и проблемите, уживајте со саканата личност колку што е можно повеќе без разлика каде се наоѓате – во град, во кино, или пак дома додека гледате некој филм. Со партнерот имате многу заеднички нешта и умеете да уживате во тишина, понекогаш не мора да размените ниту збор а да знаете како се чувствувате и што размислува саканата личност. Совршено се сложувате.

Искористете го убавото време додека трае за некоја интересна физичка активност на отворено, може да бирате што сакате да правите, а добар избор е секогаш трчањето, а ако ја сакате природата планинарење. Нашата земја има многу убави планини само треба да го најдете соодветното друштво и да уживате.

ЈАРЕЦ

Иако почетокот на месецот започнува мирно, како и сите претходни денови, во втората недела ќе имате некои бурни случувања на работа. Вие генерално нема да имате ништо против тие промени, но ќе се солидаризирате со нив во знак на поддршка. Мора да направите компромис за да бидат сите задоволни.

Плановите на љубовно поле нема да одат како што сте замислиле. Некој намерно ви ги попречува обидите да влезете во мирна врска не бидејќи е љубоморен на вас, туку поради емоциите кои ги чувствува кон вас а вие тоа не го забележувате. Ако добро гледате околу себе можеби ќе сфатите за што станува збор и дали и вие чувствувате нешто кон таа личност.

Финансиската ситуација ви е многу лоша и не се гледа подобрување овој месец. Ќе вратите некои долгови од претходно, а во меѓувреме ќе направите нови. Се вртите во круг и не знаете како да излезете од оваа ситуација. Можеби е најдобро решение да позајмите пари од членовите на семејството бидејќи на нив може да сметате во секое време.

ВОДОЛИЈА

Друштвени сте и тоа може да го види секој кој ќе дојде во контакт со вас. Секогаш имате некоја тема за разговор и секогаш имате интересни информации да поделите со другите. Сепак, тоа им пречи на некои луѓе и затоа внимавајте на кого му се доверувате и со кого започнувате разговор. Интересно е тоа што одредени личности од спротивниот пол никогаш не сте ги сметале за привлечни сега изгледаат сосема поинаку во вашите очи.

Без обзир дали ви се допаѓала таа личност потсвесно или не, овој месец може да очекувате дека ќе ви се допадне една личност која претходно ве нервирала. Се чувствувате подготвени за сите нови предизвици кои ви ги носи животот овој месец.

На вашиот организам му е потребен сон, па затоа погрижете се да спиете по осум часа, а понекогаш одморајте и преку ден.

РИБИ

Животот е само еден и ако тоа не го сфатите овој месец, нема да го сфатите никогаш. Иднината се движи кон вас со голема брзина, а вие не знаете каде да се насочите, па поради тоа мора да го најдете својот пат и да чекорите силно по него, борејќи се за своите соништа колку и да изгледаат недостижни.

Немате доволно концентрација при разговорот со саканата личност и тоа делува многу незрело. Ако треба да донесете некои заеднички одлуки околу важните теми во животот, потрудете се да го направите тоа и не губете драгоцено време. Директни сте кога станува збор за вашите желби, тогаш се трудите да ги остварите колку што е можно подобро, но такви треба да бидете и кога станува збор за желбите на партнерот, да почувствува дека го поддржувате и може да смета на вас.

Самоуверени сте и тоа се гледа дури и преку вашата здравствена состојба. Кога одите по улица се гледа дека сте полни со позитивна енергија, а за тоа е заслужен здравиот живот и здравата храна. Иако понекогаш си дозволувате да се почестите со брза храна или пак некое чоколадо, тоа не се одразува на вас бидејќи се случува многу ретко. Не сакате да го расипете здравјето и одличниот физички изглед поради калорична храна.




Коментари

[fbcomments]