Среќен неделен хороскоп (06.05-12.05)

Во втората недела од месец Мај дел од хороскопските знаци ќе имаат само позитивни вибрации, а дел ќе се соочат со деловни или приватни проблеми. Кој хороскопски знак ќе има идеален однос со партнерот, а кој ќе биде пофален на работното место?

Овен
Оваа недела можете да уживате со партнерот. Љубовта е тука, се е идеално, важно е да не мислите само на себе туку и на партнерот. Слободни, ново познанство е на повидок, дали сте подготвени за љубов? Важно е да не го запоставувате социјалниот живот на сметка на љубовниот.
Немате доволно трпение за обврските кои ве чекаат оваа недела, затоа е важна добрата организација. Завршете ги некои обврски побрзо од вообичаено. Не е време за воведување на нови обврски, туку за завршување на веќе започнатите. Не брзајте со важните одлуки, одложете ги за наредната недела.

Бик
Разгледајте ги новите предлози за промена на работата. Не ги пропуштајте новите деловни прилики затоа што сте уморни од сегашната работа. Треба да се искористи секоја шанса за напредок.
Што се однесува на љубовта, и понатаму сте страствени, но не се согласувајте на секоја опција- имајте визија каква личност ви одговара. Не се согласувајте на компромиси. Зафатени, дајте му шанса на партнерот да ви објасни со каков проблем се соочува, така ќе можете се да решите на полесен начин.
Зголемете го имунитетот.

Близнаци
Зафатени, верувајте дека може да се решат сите проблеми со партнерот. Бидете отворени за секаков договор, иако можеби вам не ви се разговара за проблемите кои постојано се повторуваат. Можете да бидете со прилично остар јазик, но имајте мерка за да не ја повредите саканата личност. Можна е авантура, ако сте слободни.
На деловен план ова е недела за нови проекти. Имате повеќе енергија, па посветете се на работата. Ќе имате подршка од блиските луѓе.

Рак
Под стрес сте заради парите. Сепак, најдете начин поедноставно да ги извршите обврските и да не бидете под голем притисок. Имате помош од колегите во врска со идејите кои сакате да ги реализирате. Малку сте напнати и расеани. Организирајте се подобро.
Што се однесува на партнерските односи, некоја личност од минатото може да се врати во вашиот живот. Зафатени, не се враќајте на старите приказни, сега не е време за решавање на проблемите кои постојано сте ги одложувале. Тоа може да направи само раздор во врската.
Направете баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Лав
Ако сте во врска, се е идеално. Би било убаво да патувате на некоја дестинација со партнерот бидејќи тоа и на двајцата ќе ви годи. Ако не сте во врска, најдобро е оваа недела да останете слободни. Неемате потреба да влегувате во нова врска, склони сте кон флерт.
Можете да ги завршите сите обврски кои сте ги испланирале. Очекуван е прилив на пари. Оваа недела ќе биде многу успешна, а околината ќе ви помогне за тоа.

Девица
Имате потреба да се отргнете од влијанието на другите луѓе. Доколку сте зафатени, партнерскиот однос може да биде во втор план. Потрудете се да ја задоволите саканата личност, иако сте под стрес и мислите на многу други обврски. Ако сте слободни, бидете достапни. Дајте и знак на личноста која ви се допаѓа дека може да ви пријде. Страствени сте.
Односот со колегите е стабилен и коректен. Многу сте вредни и се ви оди од раце. Имате подршка од колегите и блиските луѓе за секоја промена која сакате да ја направите на работа. Важно е да не трошите премногу пари оваа недела.

Вага
Ако сте зафатени, се ќе биде идеално. Немате никакви проблеми затоа што Венера и понатаму е во вашето поле на партнерство. Слободни, изберете личност која е динамична и забавна.
Финансиската состојба е сјајна, но морате да ги распределите парите за сите сметки и обврски. Бидете рационални. Размислете за проширена дејност или усовршување.

Скорпија
Зафатени, оваа недела сте прилично страствени. Слободни, имате доста прилики да се заљубите или да започнете нова врска. Се очекува прилив на пари. Се ќе биде како што сте замислиле.
Личност од доверба може да ви помогне да напредувате на работа, а вие тоа највеќе го сакате затоа што побрзо ќе ги остварите своите амбиции. Сите партнерски работи ќе бидат поисплатливи од вообичаено, па затоа насочете се кон тој правец ако сте подготвени за такви проекти.

Стрелец
Што се однесува до работата, не сте баш расположени за работа. Не сте фокусирани и порадо би отпатувале негде. Нема да ви биде лесно во првата половина од неделата, но од среда се ќе ви оди многу полесно. Ќе бидете постабилни и фокусирани. Важно е да работите некоја работа која вам ви се допаѓа. Имате многу идеји, но важно е што од нив можете да реализирате.
Што се однесува на љубовта, комуникацијата со партнерот е одлична. Ако сте слободни, преку работа може да запознаете нова личност.

Јарец
Ќе сакате да започнете врска со личност која не ја знаете долго време. Тоа не е лоша опција за вас, но важно е да не брзате со одлуките. Размислете дали сте навистина сигурни. Премногу сте чувствителни, а ако сте зафатени- тоа ќе се забележи во врската. Поминете време со партнерот во домашна атмосфера, уживајте во тишината.
Финансиската состојба не е идеална, но ќе ја стабилизирате така што нема да трошите премногу пари на работи кои не ви се потребни. Можни се зголемени трошоци.

Водолија
Венера во полето на комуникацијата ве наведува на лоши одлуки и прилично сте површни оваа недела. Не е паметно да избрзувате на љубовен план, бидејќи така ризикувате се да остане само на авантура. Ако сте во врска, нема потреба се да му кажете на партнерот директно, изберете начин и време. Така ќе можете да ги решите проблемите.
Можеби ќе имате неочекувани трошоци. Ако имате време можете да започнете некоја активност, ќе ви годи.

Риби
Конечно ви е малку полесно затоа што се забележува можноста односот со симпатијата да премине во нешто поголемо. Ќе имате многу прилики да го промените статусот во љубовта, па искористете ги. Преку работа ќе можете да остварите заедничко познанство. Зафатени, одете на патување со партнерот за да внесете малку динамика во врската.
Што се однесува на деловен план, сеуште нема причини за грижа- се е во најдобар ред. Приливот на пари е зголемен и колку повеќе се трудите- толку повеќе ќе бидете наградени.

 




Коментари

коментари