СРЕЌЕН НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (08.04-14.04)

Полека се наближува средината на месец април. Кому оваа седмица ќе му донесе пари, кому нова љубов – можете да прочитате во неделниот хороскоп.

 

Овен
Бидете трпеливи на работа,успехот не може да дојде преку ноќ – потребно е да вложите многу труд. Иако здравствено добро се чувствувате, сепак ви следи мала љубовна криза која можете успешно да ја надминете со комуникација.

Бик

Наскоро ве очекува добра вест која многу ќе ја подобри вашата финансиска состојба. Имате партнер кој е ваша голема подршка и мотивација. Препорака за оваа недела е да го искористите убавото време и да поминете повеќе време во прошетка.

Близнаци

Одморот кој го имате дефинитивно го заслуживте .Уживајте во него и подгответе се за кратко патување.Малите кавги со партнерот можат секогаш да се решат со смирен разговор и да завршат со  прегратка. Ќе ве послужи добро здравје.

Рак

По напорната работа убаво би било да уживате трошејќи дел од заработените пари. Љубовта не се наоѓа на патот на вашиот хедонизам. Во одлична здравствена состојба се наоѓате.

Лав

На работен план сте доста мрзеливи периодов бидејќи ви недостасува мотивација и натпреварувачки дух. Кавгите со партнерот можат да се решат само со комуникација, без инает.Само со здравјето немате проблем.

Девица 

Иако работата ве исцрпува вие копнеете по напредок и нема лесно да се откажете.На емотивен план, периодов сте во мирни води. Што се однесува до здравјето потребно е повеќе да се движите.

Вага 

Доколку сакате да вложувате во недвижнини или пак на берза, почекајте.Оваа недела не е добар момент за тоа. На љубовен план пак, вие сте на вистинскиот пат да најдете личност слична на вас. И не заборавајте да јадете повеќе овошје.

Шкорпија

Иако обожавате промени, се криете како глушец во дупка кога треба нешто да промените. Оваа недела ќе се чувствувате одлично и ќе запознаете личност која ќе ви го привлече вниманието.

Стрелец

Точно е дека работата го краси човекот, но понекогаш треба да земете длабоко воздух и добро да се одморите. На тој начин ќе бидете и по продуктивни во работата.Здравствено сте во добра состојба. Ви честитаме- заљубени сте, но за жал оваа недела работите малку ќе се искомплицираат.

Јарец

Имате многу грижи и финансиска нестабилност. Дајте си доволно време да размислите убаво и ќе ги решите проблемите. Здравјето ви е добро,но не одлично. А партнерот игра со вас,а против сите.

Водолија

Повторно сте на одмор, а како да немало ни пауза од претходниот – многу сте залежани и тоа ви пречи. Сепак се чувствувате добро, освен што имате несоници кои ви ги предизвикува некоја личност која ви шета низ мислите.

Риби

Одлични сте на професионален план, па можно е и зголемување.Исто и на љубовен план ве очекуваат добри вести-партнерот ви се враќа повторно во прегратка. Јагодата на шлагот е вашето здравје кое е одлично.




Коментари

коментари