Чек дис аут
Search


СРЕЌЕН НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (08.07-14.07 2019 ГОДИНА)

Каква недела ги очекува хороскопските знаци во овој топол јули? За кого ќе биде среќна, а кој одвај ќе чека да заврши?

Овен
Не се чувствувате добро кога ќе помислите дека ве чека уште една работна недела, а немате одмор на повидок. Бидете внимателни на работа.
Немате љубовни проблеми. Не размислувате многу, не се оптоварувате и затоа се се сложило на свое место, како што и треба.
Здравјето ви е одлично. Пијте повеќе течности.

Бик
Не знаете што прво да завршите. Секогаш вие сте тој кој ги предводува и решава проблемите не работа, па и оваа седмица се очекува истото од вас. Но, некако не сте расположени за тоа. Не знаете на која личност од професионалното опкружување да и верувате, па затоа попрво се ќе направите сами.
Ви се допаѓа некоја личност со која ве поврзува професијата, но се уште не сте подготвени за нареден чекор. Дозволете се да си оди по својот природен тек.
Можна е несоница. Одморете се убаво.

Близнаци
Знаете дека ви се ближи одморот, па се обидувате да ги завршите обврските на време.
Авантури ќе имате и оваа седмица, но на љубовен план нема ништо посериозно на видик. Жалите за некоја поранешна љубов и тоа се одразува на вашето емотивно расположение.
Можни се главоболки.

Рак
Желбата за доминација се одразува на вашиот професионален план. Не знаете уште што да превземете за да стигнете до посакуваната позиција. Успехот секако следи. Вашата упорност оваа недела ќе биде забележана од вашите претпоставени.
Се плашите од промени на љубовен план, па затоа оставате се како што е. Не сакате да ризикувате и затоа ништо ново не се случува во љубовта. Впуштете се во кратка авантура.
Добро се чувствувате. Можете да вежбате повеќе.

Лав
Тој што не ризикува не добива, но вашата финансиска состојба не е сјајна, па затоа не можете многу да ризикувате. Малите финансиски проблеми ќе влијаат на вас оваа недела.
Имате поважни проблеми од емотивните, а партнерот нема разбирање за вашиот начин на размислување. Потребно е да седнете и отворено да разговарате за се што ве мачи.
Можни се болки во рацете.

Девица
Каде е вашата инспирација? Немате волја за работата која ја работите. Се ве нервира и желбата за одмор или промена ве обзема. Не работите како претходно.
Заљубените сте до уши, но тоа е некоја нова состојба за вас. Не знаете ни самите како да се однесувате и што да правите. Не помагаат ни советите од блиските.
Можна е несоница, а и губиток на апетитот.

Вага
Деловните планови ви одат од рака оваа недела, не сте ни свесни колку сте успешни во тоа што го работите. Не знаете дали е до положбата на ѕвездите или до вашиот ум, но тоа се одразува и на вашата финансиска состојба.
На љубовен план не ви цветаат рози. Малку сте депримирани и емотивно несредени, но ве чека подобра ситуација на крајот на седмицата.
Опуштете се, не бидете нервозни.

Скорпија
Само сакате се да заврши што побрзо. Стресот на работа стана се почест и не знаете како да се изборите со проблемите. Финансиската состојба полека се корегира.
Ви недостасува подршка од страна на партнерот бидејќи сте во многу стресен период. Не знаете кому да се обратите бидејќи до сега секогаш сте се доверувале на партнерот.
Можна е несоница.

Стрелец
Вашиот шеф како да има преголеми очекувања од вас, а вас како ништо да не ви оди од рака оваа недела. Топлото време и долгиот ден не ви одговараат. Побарајте помош од колегите бидејќи некој од нив сигурно има решение.
Конечно се стабилизираше љубовниот однос и сега е време да уживате.
Одлично се чувствувате.

Јарец
Сметките се насобраа, а финансиите и понатаму се нестабилни. Не земајте кредити, обидете се да најдете уште една работа. Доволно сте способни да излезете од кризата.
Ве заинтригира една личност, но немате самодоверба отворено да и пријдете.
Ви недостасува сон.

Водолија
Се сомневате во добрите намери на колегите. Опуштете се, вашата позиција не може лесно да ја превземат. Вие сте го граделе тоа долго и нема да може лесно да ви се уништи интегритетот.
Можни се кавги со партнерот. Не влегувајте во големи расправии.
Здравјето ви е добро.

Риби
Повторно се ви оди од рака. Искористете ги поволностите на деловен план бидејќи оваа недела за вас ќе биде успешна, а тоа се гледа и на финансиски план.
Љубовта цвета како првиот ден. Заљубени сте и среќни.
Се чувствувате одлично.




Коментари

коментари