Категории

СРЕЌЕН НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (10 – 16 ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА)

Лав

Лав

 

 

 

 

 

 

 

Во претстојниот период имате можност да напредувате на професионален и работен план, а во исто време ќе поминувате доволно време и со вашите сакани и блиски. Фактот дека вашите потреби и желби се уважувани ќе делува поттикнувачки на вас. Ќе бидете храбри и смели, нема да признавате пораз без борба, а одлучните вибрации на Марс ќе ги зајакнат вашите планови и амбиции; и ќе ви дадат доволно сила да ги остварите.

Среќен ден: Сабота

 

Девица

Девица

 

 

 

 

 

 

Околината позитивно ќе реагира на вашиот пристап и начинот на комуникација. Многумина ќе се чувствуваат пријатно во вашата близина, а тоа ќе ги натера да ви се доверуваат. Одвреме на време ќе се затекнувате во некои необични ситуации, во кои нема да знаете како да реагирате, а од вас ќе се очекува само да слушате и да помогнете со некаков совет или конкретна постапка. Кон средината на неделата ќе се разбудат некои притаени страсти и го зголемуваат вашиот немир.

Среќен ден: Понеделник

 

Вага

Вага

 

 

 

 

 

 

Лунацијата која се случува во понеделник ќе ги извади на површина нерешените проблеми од минатото. Прифатете го предизвикот и довршете го сето она што одамна требаше да го направите, а притоа ќе биде потребно да водите сметка за потребите, чувствата и желбите на блиските личности. Кон крајот на неделата вашето секојдневие ќе биде многу повеќе пријатно и ослободено од стрес.

Среќен ден: Петок

Скорпија

Скорпија

 

 

 

 

 

 

Полната Месечина која се случува во Рак, на 05.01, би можела да донесе неочекувани вести и случувања кои ќе ве натераат да ги промените вашите планови. Се советува да бидете повеќе внимателни во комуникацијата со партнерите и блиските пријатели. Убаво размислете пред да кажете нешто провокативно. Имајте на ум дека силните емоции го замаглуваат погледот и ја зголемуваат веројатноста за погрешни проценки на ситуациите.

Среќен ден: Четврток

 

1 2 3

Прегледи:
953
Објавено на:
10.12.2018