СРЕЌЕН НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (20-26 МАЈ 2019 ГОДИНА)

Крајот на мај полека се приближува. Што им носи новата недела на хороскопските знаци ? Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе се нервира со работа? Прочитајте го неделниот хороскоп и дознајте каква недела ве очекува.

  • Овен

Не си отежнувајте во љубовта со работите на кои не сте навикнати, а веќе подолго време се случуваат. Намелете го темпото кое ви го наметнуваат.
Чувствувате зголемен финансиски притисок па затоа може од вас да се очекува да ги промените професионалните активности со цел да ги стабилизирате финансиите.
Ќе се чувствувате одлично и исполнето со енергија.

  • Бик

По хармонијата и преубавата пролет во партнерските односи, можни се одредени незадоволства на љубовен план.
Мала е веројатноста да пропуштите поволни деловни прилики.
Намалете го стресот и внимавајте на вашиот сон. Квалитетен сон е многу важен, а овој период можна е појава на несоници.

  • Близнаци

Наскоро ќе започне и јуни, а нов месец е совршен за нов почеток и нови возбудливи изненадувања. Сето тоа ќе започне со новата недела. Љубовта веќе долго време ви е во совршена состојба, па потрудете се така и да продолжите.
Можни се одредени потешкотии на работа, но нема простор за паника.
За здравјето не грижете се, нема да имате никакви проблеми.

  • Рак

Во љубовта ве чекаат необични заплети и неочекувани настани.
Потешкотии ќе имате и на професионален план, немате можност да изберете со кого ќе соработувате, а ни какви обврски ќе ви бидат дадени. Но, не очајувајте. Наредниот период ќе биде одличен.
На полето на здравјето можни се одредени болки во пределот на грбот.

  • Лав

Вие сте голем среќник бидејки вашиот партнер е покрај вас и е вашата најголема подршка.
Сите планови поврзани со работата се движат во вистинскиот правец, а тоа може да се забележи и по вашите финансии. Искористете го поволниот период.
Здравствено се чувствувате одлично.

  • Девица

Крајот на Мај за вас носи емотивни промени и многу новости на љубовен план.
На работа ќе се соочите со многу предизвици и ќе мора да надминете повеќе препреки. Бидете упорни и нема да имате проблем да го надминете овој кризен период.
Можно е да се жалите на главоболка. Опуштете се.

  • Вага

Крајот на овој месец може да донесе одредени кризи во љубовта. Но, со разговор се може да се реши.
Можеби ќе се соочите со турбулентни промени на работното место.
Но, не грижете се за здравјето-тоа е одлично.

  • Скорпија

Ќе уживате во хармоничниот однос со партнерот. Љубовта ќе се гледа и на вашето лице. Искористете го слободното време во име на љубовта.
Внимавајте на пријателите од работа. Можно е оваа недела токму тие да бидат на тест.
Немате некои здравствени потешкотии.

  • Стрелец

Личност во знакот на Девица буди во вас посебни чувства, но се уште не сте подготвени да реагирате.
Не очајувајте ако вашите приходи нагло паѓаат, тоа нема долго да трае бидејки вие во никој случај не би го дозволиле.
Здравјето ви е одлично.

  • Јарец

Подршката која ја добивате од партнерот и од семејството е бесценета. Обидете се да ја возвратите кога ќе ви помине тешкиот период.
Солидни сте на работа и важно е што сте свесни за квалитетите кои ги поседувате, а можат да ви помогнат да напредувате.
Времето се стопли, излезете и искористете го сонцето вежбајќи.

  • Водолија

Емоциите повторно ве обземаат. Периодот е совршен за да го започнете тоа што го посакувате.
На работа сте креативни, но и по малку мрзеливи. Мора да има добра причина за да ги искористите сите потенцијали. Не ги пропуштајте приликите.
Од здравјето не треба да се пожалите.

  • Риби

На емотивен план се чувствувате одлично, задоволни сте и ќе ве следат среќни денови. Најважно, имате голема подршка од блиските.
На работа ако се обидете со нешто ново, сите тоа ќе го забележат, а вие ќе бидете задоволни со својот напредок.
Немате здравствени проблеми, можеби понекогаш малку повеќе се плашите.




Коментари

коментари