Среќен роденден Рапсоди и многу среќа и успех во новите простории !

Среќен роденден Рапсоди и многу среќа и успех во новите простории !

На 21 септември 1937 година Џ.Р.Толкин ја објавил книгата Хобит, на овој датум 1934 година е роден Леонард Коен, а во 1950 Бил Мареј. На истиот датум во 1908 починал македонскиот композитор Атанас Бадев, а на 21.09.2016 година, најпопуларната агенција за младински туризам во Македонија – Рапсоди травел, официјално започнува со работа во новите простории , на ул. „Аминта трети“ (Ленинова) бр.81.

По повод отворањето на новите простории и користејќи ја приликата да го прослават својот 6ти роденден, Рапсоди организираат коктел-забава во новите простории со почеток од 18:30 часот. Тимот на агенцијата ги кани сите свои пријатели, соработници, партнери, досегашни и идни патници да бидат дел од овој настан.

Во поканата од менаџментот на агенцијата ги повикуваат сите оние со кои агенцијата заедно порасна во она што е денес, да го одбележат овој за нив многу важен ден. Рапсоди не би бил Рапсоди – секогаш иновативни и оригинални – ако не не изненадат повторно. По повод отворањето на новите простории, од агенцијата најавија нови попусти. На денот на прославата, за првите пријавени за проектите кои следуваат : Нова година 2017 во Белград и Краков, како и за Апсолвентските екскурзии оваа година, агенцијата обезбедува попусти до неверојатни 100 евра !!!

Среќен роденден Рапсоди и многу среќа и успех во новите простории ! Малку што може да се посака на оној кој е без конкуренција број 1, но ние на Рапсоди им посакуваме да продолжат уште многу години во исто темпо : Секогаш први и оригинални, а во реализацијата на проектите квалитетни и професионални.




Коментари

коментари