СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП (18-19 МАЈ 2019 ГОДИНА)

Вагата е среќна, Рибите се незадоволни, Бикот има грижи, Лавот е заљубен, Девицата презема иницијатива.

ОВЕН

Пред вас е можност да напредувате на работа и да ги остварите целите кои ги имате од порано. Може да се надевате на среќни околности. Ако сте слободни, можеби ќе започнете флерт со личност родена во знакот на Водолија. Здравјето е добро.

БИК

Пред вас е напорен викенд во кој ќе имате големи оптеретувања и грижи поврзани со работното место. Помали недоразбирања постепено доведуваат до тоа вашиот однос со личноста која ви се допаѓа да се поремети. Болки во стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е период во кој полека ќе добивате потврда за своите вредности. Соработниците ве ценат. Саканата личност е подготвена да ви покаже дека сака да градите заедничка иднина. Водете сметка за забите.

РАК

Не ви е лесно да донесете некои одлуки и честопати размислувате во врска со поголеми проблеми на работното место. Склони сте кон кавги и нервоза, со партнерот немате многу добар однос. Ве прати главоболка.

ЛАВ

Вашата напнатост доаѓа до израз сега и вашето однесување и лошо расположение негативно се одразува на вашата работа. Ви се допаѓа една личност со која не сте сигурни на што сте. Можни се проблеми со циркулацијата.

ДЕВИЦА

Може да очекувате нови случувања на работно поле. Ќе имате можност да преземете иницијатива околу некои настани. Ве очекува интересен флерт со нов познаник кој ви се допаѓа. Генерално се чувствувате добро.

ВАГА

Доаѓа можност за стабилизација на деловно поле и да најдете начин да се посветите на позитивните промени. Вашиот однос со партнерот е сосема стабилен и може да очекувате позитивна атмосфера. Одлично се чувсствувате викендов.

ШКОРПИЈА

Ова не е премногу поволен викенд и се препорачува да избегнувате било какви важни одлуки или промени. Може да очекувате интересна комуникација со симпатијата. Вртоглавица и замор.

СТРЕЛЕЦ

Прилично сте нервозни и не ви е лесно да се фокусирате на работата. Можни се проблеми на ова поле. Нагло се менуваат околностите во кои се наоѓате на љубовно поле. Здравјето е во ред.

ЈАРЕЦ

Имате впечаток дека некои пречки на работното место не можете да ги контролирате. Можеби се носат одлуки кои не ви одговараат. Иако сакавте стабилна врска, партнерот ви покажа дека сепак не може да ви пружи сѐ. Проблеми со стомакот.

ВОДОЛИЈА

Немате добра комуникација со соработниците и може да дојде до некое недоразбирање. Пред вас е период во кој трачевите може да влијаат врз вашиот брак. Можни се проблеми со грлото.

РИБИ

Иако дојдовте до прилив на пари кој сте го очекувале, постојар причини поради кои не сте задоволни со ситуацијата на работното место. Саканата личност покажува дека сака да се оддалечи од вас. Пуштете ја да си оди, со надеж дека ќе се врати. Нагласен е зголемениот апетит.




Коментари

коментари