Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 11-12 ЈУЛИ 2020

Близнаците ги очекува познанство со важна бизнис личност, на Овните им е потребен совет од постара личност околу некоја дилема, Јарците ги очекува кратко патување..

ОВЕН
Можно е да ве преплавуваат негативни мисли, ќе бидете особено нетрпеливи овие два дена. Вашата ароганција може да ве спречи во искористување на многу шанси. Потребна ви е помош и совет од постара личност, ќе бидете во недоумица.

БИК
Овие дена ќе бидете фокусирани на вашата работа, ќе успеете да земете под контрола важни ситуации. Ќе завршите некој важен проект за доста кратко време а тоа ќе ги зголеми вашите финансии, можно некои поранешни загуби да бидат претворени во профит а тоа ќе ви биде од исклучителна помош.

БЛИЗНАЦИ
Ќе запозанете важна личност која ќе ви даде доста добри совети за вашиот бизнис план. Ќе ги подобрите врските со вашите колеги и ќе заслужите нивната почит во извршувањето на некоја важна задача.

РАК
Ќе поседувате доста трпение во вашите мисли. Ќе размислувате длабоко и рационално за нештата на кои е потребно да се пронајде одговор. Ќе посакате да се осамостоите и да направите план за вашата иднина. Ви претстои далечно патување.

ЛАВ
Можно е да имате некои мали здравствани проблеми поради напорната работа, земете малку слободно време за себе и релаксирајте се. Ќе се чувствувате особено емоционални, избегнувајте авантуристички патувања. Добро ќе ви дојди медитација.

ДЕВИЦА
Ќе уживате во времето поминато со вашето семејство. Ви претстои романтична вечера со вашипт партнер. Ќе уживате во пријатна атмосфера на некоја коктел-забава. Внимателно читајте ги документите пред да ги потпишете.

ВАГА
Ќе се чувствувате среќни и енергични, ќе сакате да се анализирате себеси и своите избори а тоа ќе ви даде поголема самодоверба, ќе бидете бестрашни и храбри. Бидете трпеливи при донесувањето на важни одлуки на работното место. Оние кои се заљубени ќе уживаат со својот партнер.

ШКОПИЈА
Овој викенд е доста поволен за вас. Ќе имате самодоверба да се истакнете и да ги споделите вашите идеи, ќе имате одлична комуникација со сите околу вас. Некоја важна личност ќе ја забележи вашата креативност и ќе ви понуди партнерство.

СТРЕЛЕЦ
Овој викенд ќе уживате во друштво на вашето семејство и најблиските. Избегнувајте сериозни разговори за бизнис и политика, најдобро е да одберете некое пријатно место за забава и да се опуштите. Оние кои се сингл ќе треба добро да размислат пред да се определат да влетаат во нова врска. Можно е да делуваат импулсивно.

ЈАРЕЦ
Ќе поддржите некој ваш колега во остварувањето на неговата цел. Ќе поминете одлично време со вашите најблиски а можно е да добиете и радосна вест од вашето блиско опкружување кое ќе ја зголеми вашата среќа. Можни се кратки деловни патувања кои ќе ви бидат од корист во иднина.

ВОДОЛИЈА
Искористете ги поволните денови за да направите некои промени во вашите инвестиции. Можно е да направите некои импулсивни трошоци за кои подоцна ќе се покаете, внимавајте. Оние кои се во врска ќе имаат сериозен разговор со својот сакан, внимавајте од конфликти.

РИБИ
Ќе бидете зафатени околу некоја работа со вашите блиски или партнерот. Ќе планирате кратко патување кое ќе ја зголеми вашата добивка. Ќе завршите важна задача и ќе ги изненадите другите со постигнатите резултати. Вложете повеќе труд во нештата кои ви делуваат лесни.

Прегледи:
592
Објавено на:
11.07.2020