Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 17-18 АВГУСТ 2019 ГОДИНА

Овенот е фрустриран, Близнаците треба да се опуштат, Девицата има превисоки очекувања.

ОВЕН

Не можете да бидете сосема посветени на работата бидејќи некој ви пречи. Лошите колегијални односи на некој начин ве фрустрираат. Не сакате сѐ уште да започнувате нова врска затоа што не сте расчистиле со поранешниот партнер. Можна е главоболка.

БИК

Иако најчесто сте многу вредни пред вас е период во кој ќе посакате да одморите од работа. Нервозни сте и лесно доаѓа до конфликт со саканата личност. Вашиот однос поминува низ криза. Патите од несоница.

БЛИЗНАЦИ
Ве очекува генерално добар викенд во кој ќе можете да остварите сѐ што ќе посакате на љубовно поле. Ве очекува интересно познанство со личност која е на некој начин поврзана со вашето блиско опкружување. Потребно ви е опуштање.

РАК

Доколку очекувате некои поголеми промени, денес е поволен викенд за тоа. Љубовта помеѓу вас и саканата личност цвета. Убаво ви е кога сте заедно и посветени сте еден на друг. Помали проблеми со грбот се возможни.

ЛАВ

Ако се надевате на помош или позитивни сугестии од страна на колегите, денес би можеле да се разочарате. Саканата личност не покажува доволно иницијатива во односот со вас, а тоа ве погодува на некој начин. Проблеми со нервниот систем.

ДЕВИЦА

Бидете подготвени максимално да се посветите на работата ако сакате да ги остварите своите цели. Вашите големи очекувања би можеле да доведат до разочарување на љубовно поле. Кожата ви е чувстввителна и склона кон иритации.

ВАГА

Викендов ќе ве прати среќа на деловно поле. Затоа би било добро да се ангажирате околу саканите промени. Чувството на слобода ви се допаѓа и засега не сте подготвени за нова врска. Добро се чувствувате и немате проблеми.

ШКОРПИЈА

Разгледувате шанси за промена на работното место. Можно е да ви се укаже прилика за некоја дополнителна заработка. Саканата личност е подготвена да ви се посвети и заедно со вас да работи на решавањето на некои проблеми. Проверете крвна слика.

СТРЕЛЕЦ

Можно е да имате потешкотии на работно поле. Ако сте во потрага по работно место денес нема да имате многу среќа. Вашиот партнер би можел да го покаже правото лице, а она што ќе го видите нема да ви се допадне. Склони сте кон алергии.

ЈАРЕЦ

Во вашето деловно опкружување може лесно да дојде до некои проблеми и несогласувања кои не ги очекувате. Прекинување на емотивната врска доаѓа наскоро иако сте се надевале дека ќе успеете да го избегнете. Внесувајте витамини.

ВОДОЛИЈА

Ќе ви се укаже можност да ги решите проблемите на деловно поле. Ќе бидете задоволни од својот ангажман. Денес ќе бидете подготвени да и пријдете на личноста која ви се допаѓа и да покажете интересирање. Спортувајте.

РИБИ

Можно е да почнува фаза на промени на деловно поле. Малку се плашите од неизвесноста иако тоа не го признавате. Чувствувате дека партнерот кон вас се однесува поинаку. Можеби сте преоптеретени. Водете сметка за исхраната.