Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 21-22 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Бикот го очекува динамичен викенд, фокусирајте се на обврските. Лавот го инспирира нешто што одамна има замислено, Девицата ќе добие многу пофалби и комплименти.

 

ОВЕН

Се справувате со сите тековни задачи подобро од било кој друг, но тоа незначи дека треба да се воздигнувате. Бидете воздржани во однос на комплиментите, со кои ќе ве осипат во текот на целиот ден. Контролирајте ја вашата желба да се пофалите.

БИК

Динамичен ден, фокусирајте се на обврските. Можете да направите грешки кои нема да се фатални, но нема да располагате со дополнително време за да ги корегирате и ќе си навлечете непотребни проблеми.

БЛИЗНАЦИ

Од вас зависи дали денот ќе биде мирен. Ако не се изнервирате за глупости и ако не се впуштите во вербални битки би можеле да бидете спокојни и да работите посветено до доцна вечерта.

РАК

Бидете посебно внимателни, ако денес се занимавате со работа поврзана со обработка и пополнување на документација. Нема да дозволите грешка, но можете да изгубите или да заборавите нешто важно и тоа многу ќе ве вознемири.

ЛАВ

Денес ќе се справите со некаква комплексна работа. Идејата како да дејствувате ќе ви дојде спонтано и ќе ве инспирира нешто што одамна сте го замислиле да биде остварено. Најубавото е тоа што ќе добиете помош во моментот кога највеќе ќе ви биде потребна.

ДЕВИЦА

Ќе добиете пофалби или комплименти уште од утрото и тоа многу ќе ве израдува. Работата во текот на денот нема да биде помала од вообичаено, но ќе се справите лесно, благодарение на вашето чувство за хумор.

ВАГА

Денот ќе започне со пријатно изненадување и ќе заврши со финансиски приходи. Не е исклучена можноста да ве поканат на некој јавен настан. За вас ќе биде подобро да ја одбиете поканата.

ШКОРПИЈА

Не се обидувајте да ги претекнете случувањата. Многу идеи истовремено ви доаѓаат на ум, но за многу од нив сега не е моментот. Обидете се да го совладате спонтаниот ентузијазам.

СТРЕЛЕЦ

Обидете се да не ги споделувате вашите планови, особено долгорочните. Интересите ви се поклопуваат со оние на некој друг и можете да си создадете проблеми од административен карактер.

ЈАРЕЦ

Обидете се да ги правите работите со помалку напор. Не очекувајте премногу добри резултати од вашата работа, посебно ако е поврзана со странство. Одвај ќе го оправдате вложеното, а може и да дојде до големи непријатности.

ВОДОЛИЈА

Ви претстојат одлични состаноци. Опремете се со трпение и реагирајте дипломатски на предизвиците. Ќе се истоштите многу од работниот ден, така да, подобро е вечерта да не предвидувате никакви настани.

РИБИ

Мала е веројатноста денес да се случат непредвидени настани. Поверојатно е да ве обземат емоции кои нема да можете да си ги објасните. Чувство на вознемиреност, фрустрација или желба да се оградите. Направете го тоа, зошто контактите ќе ви го наложат тоа.

Прегледи:
495
Објавено на:
20.12.2019