СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 22-23 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА

Овенот запознава интересна личност, Близнаците повеќе да одмораат овој викенд, Лавот постигнува деловни успеси, Стрелецот да и верува на својата интуиција.

ОВЕН

На некој начин сега ја докажувате својата посветеност на работа. Важно е да се посветите максимално на своите цели. Можеби ќе имате можност да остварите познанство кое подоцна ќе прерасне во врска. Избегнувајте цигари.

БИК

Ако се занимавате со приватен бизнис, ве очекува период во кој ќе успеете да остварите добри резултати. Загрижени сте за вашата врска и честопати ви се чини дека нема да успеете да ја одржите. Поволен период за слабеење.

БЛИЗНАЦИ
Иако ве очекува тежок ден, ќе успеете да научите важна лекција од компликациите на деловно поле. Чувствителни сте и не ви е лесно со саканата личност да најдете заедничко решение за проблемите кои ве мачат. Препорака е да се одмарате.

RAK

Ќе се појават помали препреки во однос на колегите. Ќе ви биде потребно трпение да ги решите. Ако и ги покажете своите искрени чувства на симпатијата, и таа ќе покаже наклонетост кон вас. Можна е несоница.

ЛАВ

Успехот кој сакате да го постигнете на работа ќе ви го подобри расположението и самодовербата. Може да очекувате поволен ден за флерт и нови познанства. Љубовното поле ви е позитивно нагласено. Здравјето е во ред.

ДЕВИЦА

Пред вас е поволен период за да ги решите деловните дилеми од претходниот период. Вашиот однос со саканата личност е променлив. Честопати не сте сигурни што би можеле да очекувате од таа врска. Потребна ви е масажа.

ВАГА

Ќе успеете да ги остварите своите цели и планови. Не би требало да имате стрес кога станува збор за работата. Можеби ќе запознаете личност со која ќе остварите еден интересен и добар однос. Немате проблеми на полето на здравјето.

ШКОРПИЈА

Конечно доаѓаат подобри денови кога станува збор за работата. Успешно ги завршувате своите деловни задачи. Вашиот однос со саканата личност е искрен и знаете точно на што сте. Може да очекувате позитивни околности. Солидно здравје.

СТРЕЛЕЦ

Потпрете се на својата интуиција кога станува збор за работата. Денес може да бидете подготвени и на некои ризици. Саканата личност сака да ви покаже дека ви е потполно посветена и дека нејзината љубов е искрена. Грижете се за својата кожа.

ЈАРЕЦ

Ве очекува многу работа. Можеби преголемиот број на обврски ви создава притисок. Ве очекува интересно познанство со личност која отворено ќе покаже интересирање за вас. Добро се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Пред вас е можност да одморите. Денешниот ден за вас е опуштен и не носи премногу обврски. Доколку сте слободни, можеби нема да ви биде лесно да остварите нова врска или познанство. Одлично сте расположени!

РИБИ

Може да очекувате дека ќе успеете да ги остварите деловните цели и дека ќе бидете задоволни. Доколку сте слободни, можно е да успеете да се зближите со одредена симпатична и харизматична личност. Водете сметка за стомакот.




Коментари

[fbcomments]