СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 24-25 АВГУСТ 2019 ГОДИНА

Близнаците ќе запознаат личност која ќе им го привлече вниманието, Ракот е подготвен да му се посвети на партнерот, Девиците треба да внимаваат на исхраната.

ОВЕН

Треба максимално да се посветите на работата за да можете да ги остварите своите цели. Не ги одложувајте обврските. Може да очекувате убава авантура која долго ќе ја паметите. Внимавајте на своето здравје.

БИК

Пред вас е фаза која носи подобрување на работно поле. Ако ги земете работите во свои раце ќе бидете задоволни. Доколку сте слободни, нема лесно да најдете нов партнер. Не е поволен викенд за тоа. Можни се проблеми со белите дробови.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува поволен викенд за нови деловни соработки или за нови состаноци и преговори. Токму на ова поле ќе запознаете личност која ќе ви го привлече вниманието. Потребна ви е физичка активност.

РАК

Планирате приватен бизнис кој би можел да донесе стабилизација на деловно поле. Подготвени сте да му се посветите на партнерот и искрено да му покажете што чувствувате кон него. Проблеми со синусите.

ЛАВ

Задоволни сте со околностите на работно поле. Може да очекувате стабилна состојба на ова поле. Саканата личност сакате да ја заштитите од сѐ, но можеби некогаш претерувате во тоа. Зајакнете го имунитетот.

ДЕВИЦА

Ве очекува можност за нови промени и прилив на финансии. Подготвени сте максимално да се посветите кон освојувањето на личност која ви се допаѓа. Водете сметка за исхраната.

ВАГА

Може да очекувате дека ќе бидете задоволни од околностите на работно поле. Работите се движат онака како што посакувавте. Ќе остварите интересно познанство преку кругот на пријатели. Најпрво ќе бидете резервирани. Водете сметка за стомакот.

ШКОРПИЈА

Добро сте расположени и подготвени сте максимално да се посветите на работата. Имате многу елан и мотивација. Личноста која ви се допаѓа ќе ги покаже искрените емоции кон вас. Водете сметка за градниот кош.

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате соработка надвор од земјата. Подготвени сте да повлечете нови, важни деловни потези. Пред вас е поволна фаза за нови познанства. Но, вие не сте подготвени за сериозна врска. Внимавајте на своите навики.

ЈАРЕЦ

Пред вас е поволен период за нова работа или било каква промена. Дојде време да свртите нов лист. Подготвени сте да разговарате за заедничката иднина со саканата личност, можеби планирате заеднички живот. Минлива настинка.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате добра соработка со своите колеги. Имате солидна комуникација и се надополнувате на работното место. Иако постои личност која ви нуди сериозна врска, вие сѐ уште не сте подготвени за тој чекор. Проблеми со главоболка.

РИБИ

Наскоро ве очекува многу важно деловно патување. Ќе остварите важен напредок на ова поле во иднина. Пред вас е поволна фаза која може да донесе нов почеток на врска. Подготвени сте за љубов. Консумирајте свежи намирници.




Коментари

[fbcomments]