Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 25-26 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

На Јарците здравјето на најблиските ќе биде во одлична состојба, Овните ќе бидат наградени со повишување, а Девиците ќе привлекуваат воодушевување од она кое ќе го зборуваат..

ОВЕН
Овој викенд ве очекува хармонична атмосфера во домот. Можно е познанство со некоја влијателна личност кое ќе ви донесе бенефиции на работното место. Успешно ќе ги извршувате сите работни обврски а за тоа ќе бидете наградени со повишување.

БИК
Ќе бидете преокупирани околу домот и децата. Во иднина ќе направите некоја добра инвестиција. Ќе планирате продолжување на образованието за поголем напредок во работата.

БЛИЗНАЦИ
Овие два дена ќе се анализирате себеси што ќе ви ја зголеми самодовербата. Вашиот фокус ќе биде насочен кон вашите цели, ви претстои брилијантен успех. Ќе бидете задоволни од вашиот живот а тоа ќе предизвика љубомора кај вашата конкуренција.

РАК
Ќе му помогнете на некоја личност на која и е потребна помош, тоа ќе ве направи среќни и ќе ја подобри вашата репутација во очите на другите. Вашиот ум ќе биде преокупиран со нови идеи. Оние кои имаат партнер ќе одат на љубовна авантура.

ЛАВ
Ќе бидете зафатени со домашните обврски. Можно е да се впуштите во трошоци околу домот. Внимавајте на трошењето, можно е биде нерационално. Внимавајте на вашите зборови, можно е да повредите некого кажувајќи го своето мислење.

ДЕВИЦА
Вашата духовна моќ ќе ве направи среќни. Ќе размислувате позитивно и ќе се насочите себеси кон планирањето на вашата иднина. Ќе сакате да посетите религиозно место и да разговарате за вашиот начин на размислување и гледање на нештата, луѓето околу вас ќе бидат воодушевени од она кое ќе го имате да го кажете.

ВАГА
Овој викенд можно е да се чувствувате напнати и нетрпеливи. Послушајте ја вашата интуиција пред да донесете некоја одлука. Ќе посакате да го продлабочите вашето знаење околу некои теми кои ве интересираат.

ШКОРПИЈА
Овој викенд месечината е во добра положна а тоа ќе ви овозможи позитивни промени на приватен и деловен план. Ви претстои заработка од некоја ваша инвестиција. Вашата напорна работа ќе се исплати.

СТРЕЛЕЦ
Ќе сакате да направите некои инвестиции во иднината на вашите деца. Ќе бидете посветени на вашата работа. Оние кои се во потрага по работа ќе добијат одлична можност за која долго сонувале.

ЈАРЕЦ
Здравјето на вашите најблиски е во одлична состојба. Ќе уживате во работата и во резултатите од вложениот труд. Но немојте да се преоптеретувате затоа што тоа ќе ве измори и ќе ве оддалечи од семејниот круг.

 

ВОДОЛИЈА
Ќе бидете задоволни од резултатите од вложениот труд, ќе планирате кратко патување. Би било добро малку да се посветите на вашето ментално здравје и да се опуштите со медитација. Размислете добро за плановите во иднина и определете ги вашите следни цели.

РИБИ
Ќе се чувствувате напнато и вознемирено, опуштете се колку што можете на начини кои ви годат. Размслете два пати пред да делувате. Ви претстои бизнис патување кое ќе ви донесе одлична добивка.