Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 26-27 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА

Овој викенд Близнаците ќе добијат добри вести од странство, Лавовите ги очекува промена на љубовен план а Овните ги очекува значителна промена во финансиската состојба која ќе им годи..



ОВЕН

Овој викенд месечината влегува во Водолија, вие ќе бидете во центарот на социјалниот круг. Сега е идеална можност за запознавање на нови луѓе и средба со драги приатели. Ви претстои значителна промена во вашите финансии која ќе ви годи.

БИК
Овој викенд ќе бидете особено продуктивни, ќе успеете да ги завршите сите обврски навреме. Вашето расположение ќе се подобри со конектирањето на сонцето и месечината. Ќе превземете некој ризичен чекор.

БЛИЗНАЦИ
Ви пристигнуваат одлични вести од странство, позитивната енергија влегува во вашиот знак. Неочекувана промена во плановите малку ќе ве загрижи, останете фокусирани.

РАК
Ќе бидете особено чувствителни и ќе ги изразувате емоциите на доста нападен начин. Ќе се ослободите од некој терет од минатото кој долго време го влечите со себе, ќе почнете да гледате кон иднината и да кроите нови планови за подобрување на вашиот живот.

ЛАВ
Овој викенд месечината ви донесува подобрување на љубовното поле. Романтичната енергија ќе струи низ вас а тоа ќе ве направи неодоливи кон спротивниот пол. Неочекувани промени во вашата кариера.

ДЕВИЦА
Ќе направите мали промени кои во иднина ќе значат многу. Ночекувана средба ќе ви го поправи расположението. Вашите планови кои долго време сте ги кроеле конечно ќе се остварат.

ВАГА
Ќе бидете особено романтични и креативни со влегувањето на Водолија во месечината тоа ќе ви донесе весело расположение и позитивна енергија. Неочекувани вести ќе ве изненадат, ќе ги искористите за добра цел.

ШКОРПИЈА
Фокусирани сте на домот и семејството, ќе бидете особено сентиментални и ќе ве фати неочекувана носталгија. Очекувајте промени во расположението и мали турбуленции во романтичната врска. Останете со отворен ум.

СТРЕЛЕЦ
Овој викенд е особено поволен за вашата комуникација со другите луѓе. Ќе бидете отворени за секакви преговори. Сега е одличен период да ги споделите вашите идеи. Промена во вашиот секојдневен распоред малку ќе ве раздрма.

ЈАРЕЦ
Ќе бидете загрижени за вашата материјална состојба и сигурност, но сега е одличен период за да се посветите детално и да пронајдете вистинско решение. Ќе бидете особено креативни и имагинативни, ќе се справувате со сите одговорности со леснотија. Одвојте време за забава.

ВОДОЛИЈА
Овој викенд месечината влегува во вашиот знак а тоа ќе ги доведе до израз вашите чувства и имагиниција. Овој период ќе се чувствувате како да ве преплавуваат интензивни емоции. Сега е идеален период за трансформација на вашиот дом и уредување на животниот простор.

РИБИ
Ќе бидете храбри и самоуверени во остварувањето на вашите желби. Ќе се ослободите од некое болно сеќавање од минатото. Очекувајте вести кои пријатно ќе ве изненадат.

Прегледи:
723
Објавено на:
26.09.2020