СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 8-9 АВГУСТ 2020 ГОДИНА

Овој викенд Водолиите ќе откријат дека некој има скриени чувства за нив, Близнаците ќе поминуваат време со некој кој им значи, а Вагите ги очекуваат вести околу некоја работа за која долго време немале информација..

ОВЕН
Овој викенд можно е да искусите некои моменти кои ќе ви ги отворат очите. Среќата нема баш да танцува на вашата страна денес затоа верувајте му на вашата интуиција и внатрешниот глас. Немојте да донесувате избризани одлуки на емотивен план.

БИК
Овој викенд во вашето опкружување ќе владее експлозивна атмосфера. Можно е да размените некои интензивни зборови со некој близок, пријател или партнер. Немојте да се обидувате да исправувате стари проблеми затоа што можно е да направите полошо. Размислете два пати пред да изговорите нешто.

БЛИЗНАЦИ
Овие денови ќе се чувствувате практични, секоја ризична ситуација ќе оди во ваша полза. На романтичната страна ќе сакате да посветите време на некој кој ви значи, па испланирајте нешто забавно и романтично. Ќе дадете избрзана реакција во некоја ситуација поради која подоцна ќе се покаете, внимавајте.

РАК
Овие денови вашите чувства ќе бидат доста интензивни, па можно е да се отворите некому и конечно да му откриете што ви лежи на срце. Некој сака да оствари контакт со вас, да ви закаже средба или да ве покани на состанок. На вас останува да одлучите.

ЛАВ
Ќе бидете особено отворени во комуникацијата со соработниците. Додека некои ќе имаат потешкотии како да дојдат до заедничко решение, вие ќе ги имате сите одговори на сите прашања. Внимавајте кога донесувате заклучоци врз опсервација, можеби не е се онака како што делува на прв поглед.

ДЕВИЦА
Некој влијае врз вашиот успех и остварување на вашите планови без да го знаете тоа. Тој се грижи за вас и сака да сте среќни, наскоро ќе откриете за кој се работи и ќе бидете пријатно изненадени. Ќе ви биде зададена тешка задача на која ќе морате да се докажете и не смеете да потфрлите. Побарајте помош доколку ви е неопходно. За романса е потребен поголем труд, морате и вие да вложите малку напор.

ВАГА
Ве очекуваат нови вести околу некоја работа за која долго време не сте имале никаква информација. Исходот ќе биде задоволувачки. Ќе можете конечно да здивнете. Некој околу вас сака да ви понуди помош но не знае како, се плаши од вашата реакција. На емотивен план, морате да превземете ризик.

ШКОРПИЈА
Некој во вашето опкружување ви испраѓа измешани сигнали а вие не знаете како да ги протолкувате. Можеби сака да ги забрза работите помеѓу вас но вие им делувате како некој кој сака да оди полека. Најдобро е да поразговарате и да пронајдете заедничко решение.Ви претстои неочекувана финансиска добивка.

СТРЕЛЕЦ
Овие денови избегнувајте проблеми и влегување во конфликти. Извршувајте ги работните обврски тактички и доколку некои од нив бараат поголем труд, немојте да го губите фокусот и мотивацијата. Некоја задача ќе ви донесе голема добивка ако се потрудите повеќе околу неа.

ЈАРЕЦ
На емотивен план некој бара поголемо внимание од вас. Ќе размислувате за минатото и за вашите грешки. Мали но среќни вести ќе ви го подигнат расположението, но немојте да дозволите да ви го одвлечат вниманието од поголемите и поважни проблеми.

ВОДОЛИЈА
Ќе морате да пронајдете баланс помеѓу чувствителноста и одлучноста. Доколку го насочите вашето внимание кон некоја ваш однос ќе откриете дека другата страна има поголеми чувства и го посакува истото од вас. Комуникацијата е клучот.

РИБИ
Некој ви дава совети но неговите намери не се толку позитивни, прифаќајте ги со резерва без оглед на тоа колку добронамерни звучат. Долго време избегнувате некоја промена кога се во прашање чувствата, колку побрзо ја прифатите толку подобро ќе биде за вас. Нови опции пристигнуваат на ваша адреса.

 




Коментари

[fbcomments]