Категории

СРЕЌА Е ОНАА ЛИЧНОСТ ВО ЧИИ ОЧИ СЕ ПРОНАОЃАШ САМИОТ СЕБЕСИ

Среќа. Тоа е она за кое што живееме. Оној момент за кој нетрпеливо чекаме да се случи.

Тоа е она што длабоко во себе сакаме да го почуствуваме. Среќа е онаа прва личност на која помисли додека го читаше ова.

Онаа посебна личност во чии очи се пронаоѓаш себеси. Се пронаоѓаш себе и дел од тебе за кој воопшто не знаеше дека постои.

Се запознаваш со најсреќниот човек на светот, а всушност се запознаваш со самиот себе.

И тогаш истата таа личност те повредува толку силно, што ти остава лузна засекогаш.Те турка до дното, те крши и уништува.

Повеќе не си онаа иста личност. Тогаш цврсто застануваш на нозе, прекривајќи ја лузната на себе. Но, не и крвавото срце со кое продолжуваш кон потрага по вистинската среќа.

В.Ѓ.

Прегледи:
117
Објавено на:
01.03.2016