Среќна Среда – Хуманитарна забава за бездомните миленици

Среда – Среќен ден!
Под мотото Донирај/Волонтирај/Едуцирај на 10.07.2019 со почеток во 19 часот, Ве покануваме заедно со вашите миленици во Orange Kids Club & Caffè, да бидете дел од „Среќна Среда“.


Оваа хуманитарно едукативна забава е наменета за помош и донации на бездомните миленици кои се најзагрозени, но и за едукација на најмладите и поттикнување на јавната свест за одговорно сопствеништво на домашните миленици.

Во рамките на настанот ќе се одржи базар на ракотворби во организација на здруженијата за заштита на животните каде што со ваша скромна донација, ќе можете да си одберете некоја креативна изработка.
За најмладите подготвивме едукативна работилница во соработка со Агенцијата за Храна и Ветеринарство – „Биди неговиот херој“ на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ за подигнување на јавната свест за одговорното сопствеништво, презентација на книгата за деца „Хотел за кучиња“ во соработка со Literatura.mk, детско кино, креативно катче, фото конкурс „Моето Милениче“, Еду работилница – „Светот на рептилите“ со Vojo Ivanov, музички точки, караоке и многу подароци и изненадувања.

Освен собирање донации, целта на настанот е да ги едуцира најмладите како да се биде одговорен сопственик на домашно милениче, кои се правата и обврските на сопствениците на домашни миленици, како треба да се грижат за здравјето на животните,но, и за бездомните животни, водејќи сметка и за сопственото здравје.

Главен поддржувач на настанот е Pedigree Srbija, кои ќе донираат храна за бездомните миленици.
Благодарност до: АХВ, GE KIDS Chupa Chups Literatura.mk ГОРСКА вода Vojo Ivanov KOLID FOODS

Anima Mundi – здружение за заштита на животни
Граѓанска иницијатива „Кане Корзо“ – Civic Initiative #kanekorzomk
Daisy Family Rescue
Шепасти Ентузијасти – Pawsome Enthusiasts
BIKER PAWS




Коментари

коментари