Чек дис аут
Search

Среќна вест од Италија: Шестмесечно бебе успеа да го победи коронавирусот

Од Италија пристигнаа среќни вести – Шестмесечниот Лео го победи коронавирусот

После 50 денови борба, малиот Леонард е излечен од вирусот Covid-19 а неговата весела фотографија го обиколи светот.

„Ова не би го посакала на никоја мајка. Кога доби температура, знаев дека е болен, срцето почна забрзано да ми чука, бев престрашена. Мојот сопруг има колега која заболе од вирусот“ – изјави, сега пресреќна, мајката на бебето.

 

 

„Денес имаме причина за насмевка и среќа“ – рече градоначалникот на општината Корбет.

„Фала ти многу, Лео. Фала и на твоите родители кои не се откажаа. Донесоа надеж и радост во срцата на сите граѓани на Корбет“ – додаде во своето обраќање.




Коментари

[fbcomments]