Категории

Среќна вест од Париз: Каролина Гочева се вери!

Убава вест ни пристигнува од градот на светлината, Париз.

Нашата поп дива Каролина Гочева се верила со нејзиниот сакан, уметникот Михаил Корубин. Среќата Каролина решила да ја сподели со нејзините фанови преку својот инстаграм профил, а секако и ние пресреќни за оваа вест истата ја споделуваме.

❤️?

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on

Минатата година јавноста „се запозна“ со нејзиното момче, сега вереник, откако двајцата поминаа романтичен одмор во Италија. Очигледно на ова патување, во секогаш романтичниот Париз Корубин решил да ја побара раката на Каролина. Среќа.мк им честита и им посакува неизмерно многу љубов и среќа во заедничкиот живот.