Категории

Среќна вест – Штипското мече Теди е пуштено на слобода во Белица

Неодамна спасеното мече Теди е пуштено во паркот „Танцувачките мечки“ во Белица, општина во Бугарија.

Теди е возбуден и љубопитен да го открие своето ново место на живеење, но исто така и претпазлив затоа што сетоа тоа е сеуште ново за него. – изјавуваат од организацијата „Четири шепи“.

Мечето Теди престојуваше во штипскиот Зоолошки парк а одлуката да биде пуштено на слобода беше донесена пред девет месеци откако тим од ветеринари беа во посета да ги извршат сите неопходни прегледи.

Активистката и портпарол на Зоолошката градина во Скопје, Тина Мицковска беше вклучена во пронаоѓањето на ново живеалиште за мечето.
Кафезот во кој Теди живееше во Штип имаше површина од само 15/ м/2 додека сега новото живеалиште на Теди изнесува 150,000 м/2.

Прегледи:
574
Објавено на:
12.11.2020