Категории

Среќни читатели, ви благодариме на довербата. Вие сте нашата инспирација!

На самиот крај од оваа година, чувствуваме потреба да ви се обратиме вам, на сите наши верни читатели за дружењето, забавата и постојаната инспирација која ни ја дававте да се надоградуваме, да ги приспособуваме нашите содржини според вашите барања и секојдневно да ви нудиме еден поинаков концепт кој ги опфаќа позитивните страни во животот. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on


Оваа година за нас беше особено успешна, а сето тоа е резултат на тимската работа и креативноста на целиот тим. Крајот на оваа година за нас ја одбележа 2018. година со преместување на нашето седиште и создавањето на Бродот на среќата – концепт кој ја сплотува забавата, креативноста и пишувањето создавајќи бренд кој на наше големо задоволство е познат по ширењето среќа и позитивна енергија. Покрај вашата лојалност кон нашиот портал среќа.мк, ви благодариме што нашиот Инстаграм профил го чувствувате како свој споеделувајќи ги со нас сите ваши среќни моменти.



Соработуваме со професионални компании кои знаат да препознаат квалитет и вистинска маркетинг стратегија, личности кои инспирираат со своите успешни приказни, организираме настани кои успеваат на едно место да ги соберат сите позитивни луѓе и горди сме што барем за момент успеваме да изнудиме насмевки на вашите лица.

Во новата 2019. година ви посакуваме нов почеток, здравје како основа на сѐ во животот, љубовта да биде вашиот двигател низ успесите и многу заеднички моменти на Бродот на среќата!

Прегледи:
684
Објавено на:
31.12.2018