Категории

Среќни се луѓето кои ја пронашле смислата на сопствениот живот

Барај почит наместо комплименти. Никој не ја знае смислата на животот. Среќни се луѓето кои ја пронашле смислата на сопствениот живот.

Не тие потребна посебна личност во твојот живот за купиш некое посебно парче облека за да го носиш за него. Купи го за себе, купи го затоа што ти се допаѓа. Носи го затоа што се чувствуваш добро и немој да дозволиш никој да те убедува во спротивното.
Ако го поминеш сето свое време чекајќи нештата да се случат, им дозволуваш на другите луѓе да ја контролираат твојата судбина. Времето нема да те чека, направи чекор.

Живеејќи од трошките љубов на другите луѓе ќе останеш гладен засекогаш. Израсни љубов во себе и храни се од неа, така никогаш нема да гладуваш.
Научи кога да се грижиш а кога едноставно да оставиш се да помине покрај тебе. Ако некој те повреди, само заврти се и замини, остави го во минатото. Животот е премногу краток за да го поминеш тажен.

Не ти е потребна ничија дозвола за да ја пуштиш омилената песна и да танцуваш како да си Шакира, можеби ќе изгледаш смешно, но зошто да ти е грижа, важно е дека тоа те исполнува.
Кога сакаш да јадеш сладолед – јади. Кога сакаш уште едно парче торта, земи уште едно парче торта. Немој да се грижиш за килограмите и калориите.

Плачи ако ти се плачи и ако чувствуваш болка. Вришти ако имаш горчина во грлото само немој да се затвораш во себеси.
Никој не е совршен а ни ти, но немој да му дозволиш на другите да го употребат тоа против тебе. Престани да се извинуваш за се, за нештата кои не зависат од тебе.

Барај почит наместо комплименти. Никој не ја знае смислата на животот. Среќни се луѓето кои ја пронашле смислата на сопствениот живот.

Прегледи:
464
Објавено на:
28.06.2020