Стајлингот на Џенифер Лопез е за чиста 10: Вака се носи моментално најпопуларната боја!

Џенифер Лопез знае да направи одличен моден избор

Таа ретко кога греши, а овој пат успеа да ги следи сите трендови. Според тврдењата на модните дизајнери, виолетовата боја ќе биде најактуелна во текот на 2020 година.

Џенифер Лопез маестрално спои виолетово здолниште со ролка обложена со кристали. Со ременот ја нагласи половината и визуелно ја направи фигурата да изгледа како песочен часовник.

Овој женствен стајлинг го пренесе на многу впечатлив начин, па на нејзиниот изглед ниту еден моден експерт немаше ниту еден приговор.

Сите погледи беа насочени во нејзина насока. Ретко се случува сите да бидат едногласни кога станува збор за стајлингот на некоја ѕвезда, но пејачката успеа да се погрижи за сечиј вкус. Овој пат не може да се слушне ниту еден негативен коментар.




Коментари

[fbcomments]