Сталинг кој воодушевува – Кралицата Ранија во вибрантнен летен стајлинг на должност со својата ќерка

Ранија ел Абдулах, 49-годишната сопруга на јорданскиот крал Абдулах минатата недела го посети Ум Гаин, градот на северниот дел од земјата за да поразговара со локалното население околу туризмот.

Во нејзина придружба беше нејзината ќерка, 23-годишната принцеза Иман. Кралицата на својот Инстаграм профил изрази задоволство поради тоа што таа ја придружуваше овој ден.

„Уживав во времето кое го поминав со Иман и прекрасните луѓе во Беит ал Барак и Беит ал Вард во Ум Гаис денес. Не можам да ги препорачам доволно!“ – напиша таа.

Она што привлече најмногу внимание кај модните критичари беше секако стајлингот на нејзиното височество. Двете кралски припаднички беа облечени неформално. Принцезата носеше лежерна модна комбинација од фармерки, маичка и кошула додека кралицата избра вибрантна комбинација од розова кошола со туфни од модната куќа Off-White, и бели широки панталони кои ги искомбинира со спортски обувки.




Коментари

[fbcomments]