Категории

Станала медицинска сестра на одделението на кое некогаш чистела – Девојка од Масачусетс е вистински доказ дека не треба да се откажувате од соништата

Џејнс Андрадес им раскажа на сите на Фејсбук за своето патешествие од болничка чистачка до медицинска сестра и рече дека сето тоа започнало во болницата кога добила повик за разговор.

Џејнс Андрадес прво започна да работи како чистачка во медицинската болница Бејстејт во Спрингфилд, Масачусетс. Таа го продолжила своето образование и обука и се вратила во болницата 10 години подоцна како медицинска сестра.

„Тешко е да се биде чистачка. Но, ако требаше да се вратам и да го сторам тоа повторно, ќе го сторев истото. Се исплатеше“ – рече Андрадес.
Со објава на Фејсбук, таа им раскажа на сите за своето патување од болничка чистачка до медицинска сестра и објави слика од сите три нејзини работни картички. Во тоа време работеше во ресторан за брза храна, но секогаш сакаше да им помага на луѓето.

„Без оглед на чистењето, сè додека бев близу до грижата за пациентите, можев да набудувам и да учам. Мислев дека тоа е добра идеја“ – рече таа.

Нејзиниот омилен дел од грижата е обезбедување олеснување и удобност на пациентите.

„Навистина ми се допаѓа блискоста со луѓето“ – вели Андрадес, која сега го оствари својот сон, стана медицинска сестра во истото одделение каде што чистеше.
„Медицинските сестри и докторите се честопати во центарот на вниманието, но мора да бидеме свесни дека многу луѓе играат важна улога во грижата, многу придружни вработени и надворешни експерти. Не можев да си ја работам работата без нив“ – објасни Андрадес и рече дека е многу среќна затоа што таа нејзина приказна ги инспирира другите.
„Јас сум толку благодарна што мојата приказна може да ги инспирира луѓето. Многу ми е мило. Ако можам да инспирирам некого, тогаш тоа е само доказ дека моето патување навистина се исплатеше“ – рече Андрадес.

Прегледи:
77
Објавено на:
12.05.2021