Категории

Сте пробале емоционален секс ?

Тоа е оној момент кога постојано мислите на некого, праќате двосмислени пораки и поминувате часови на чат со личност со која не сте во врска.

Почетокот е секогаш наивен !!! Се спријателувате и наскоро почнувате да сфаќате дека секој слободен момент го поминувате со таа личност. Со еден збор потполно Ве обзема потребата да постои туку некаде. Почнувате да не мислите рационално а срцето Ви се „мава од земја“ кога ќе добиете интересна порака.

Но постои еден проблем !!! Вие сте во брак или имате сериозна врска… И вие почнувате да се тешите со „фактот“ и констатацијата дека тоа не е неверство „ нема физички контакт“ .

Но не е баш се така розово !!!

Ок… Нема секс… за сега !!! Но имате емоционална врска која може да биде многу поинтензивна, посензуална и заводлива од самиот физички контакт. Тоа што Ви се случува се нарекува ЕМОЦИОНАЛЕН СЕКС !!!

Тоа е пријателство кое се претвора во однос кој произведува чувство на романтична љубов која може да се манифестира на различни начини: емоционално, вербално или виртуелно.

Пријателството се претвора во емоционален секс кога при самата помисла на другата личност нашите жлезди лачат хормони кои создаваат пријатност и заљубеност. Сите тие каша-попара чувства значат дека Вашиот мозок е под влијание на „пеперутките во стомакот“.

Додека размислувате дали и Вие сте се нашле во ваква ситуација мора да се напомене дека пријателството во себе не содржи сексуална хемија и привлечност. Секако дека Вие ги сакате своите пријатели но со една разлика… Вие не фантазирате за нив.

Вие признале или не за Вашиот таен емоционален секс сите го почуствувале барем еднаш во животот.

Забранетото е најслатко, човекот без тајна не е човек… Одлуката останува на Вас !!!

Прегледи:
479
Објавено на:
07.01.2016