Категории

Стихови кои ќе ви го разубават денот

Најслатките извадоци од творбите на нашите македонски поети, за почеток на успешен ден.

Големите мисли се кријат во малите луѓе оние како нас. Ова се најсуштинските мисли кои ги склопиле нашите автори низ нивните дела. Започнете го вашиот ден заедно со нив.

Сподели ја песната на твојот живот,

оти денот е твој, а ти си негов.

     Извадок од Скриена Земја, поетска книга Скриено писмо Митко Гогов

Разбуди се !

Сега срцето може слободно да продолжи

да спие.

     Извадок од Скриен часовник, поетска книга Скриено писмо – Митко Гогов

Ти си стварно точкичка

миговно совршенство 

краток спој помеѓу

небото и водата.

    Извадок од Точкичка, поетска книга Љубавина – Ѓоко Здравески

Ти си ми најновото огледало

не кажуваш кој е најубав на светот

само рефлектираш.

   Извадок од Огледало, поетска книга Љубавина – Ѓоко Здравески

Рзбуди се 

сонувај,

сонувај правда,

сонувај илијада нешта

споени во едно.

   Извадок од За една ноќ, поетска збирка Ноќниот ум – Стефан Велковски

И конечно разбрав

колку човекот може да биде среќен 

кога влегов во својот дом 

вообичаено како и секој ден.

  Извадок од Сила за новиот ден, поетска збирка Ноќниот ум – Стефан Велковски

 

Прегледи:
1262
Објавено на:
15.07.2020