Категории

Стилска битка: Се состанаа кралицата Елизабета, војвотката Кејт, Меланија Трамп и Камила Паркер. Која од нив беше погламурозна (ФОТО)

Модните критичари едвај ја задржаа возбудата, се случи невозможното – се состанаа најголемите модни икони на денешницата

Во Велика Британија започна 70-от самит на НАТО, а во Бакингемската палата кај кралицата Елизабета и принцот Чарлс присуствуваа сите претставници на овој самит.
Најголемо внимание привлече Меланија Трамп која пристигна облечена во гламурозен елегантен жолт капут со детали во виолетова боја и чевли во иста нијанса.

Претседателскиот пар од Америка го пречекаа принцот Чарлс и Камила Паркер на влезот во палатата. Војвотката од Корнвол беше облечена во црвен фустан со црна наметка и црни салонки.
Кралицата Елизабета ги пречека гостите, ракувајќи се, овој пат носеше својствена кралска комбинација во маслинесто зелена боја и модни детали како шал, ташна и ракавици.

Подоцна на свечената вечера пристигна и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон во фустан во боја на жад.

Која дама според вас го имаше најдобриот изглед?