Категории

Стилски лекции од Кит Харингтон – Еден од најзгодните мажи на денешницата

Згодниот актер Кит Харингтон кој на сите ни е добро познат по улогата на Џон Сноу во мегапопуларната серија „Игра на тронови“ важи за еден од најзгодните мажи на денешницата, а воедно е и модна икона.

Мораме да признаеме дека Кит Харингтон доста го усоврши својот стил, па секое негово јавно појавување на црвениот тепих е испратено со огромно воодушевување и аплаузи, а и неговиот секојдневен стил не помалку одличен.

Откако стана ѕвезда благодарение на ликот Џон Сноу кој започна да го толкува уште во 2011 во феноменот „Игра на тронови“, секој негов чекор почна да се следи со будно внимание, а вљубениците во неговата глума подеднакво го обожаваат и неговиот стил. Како што велат модните критичари, Кит е вистинско олицетворение за тоа како треба да се облекува еден современ маж.

Прегледи:
183
Објавено на:
30.12.2020