Стивен Хокинг со прва објава на Фејсбук: Од секогаш се прашував во што е тајната на универзумот…

Најпознатиот физичар во светот, Стивен Хокинг отворил фејсбук-профил на почетокот на овој месец, а неодамна го објавил и својот прв пост, пренесува Тајм.

Еве што пишувало:

 „Од секогаш се прашував во што е тајната на универзумот. Времето и просторот можат засекогаш да останат мистерија, а тоа никогаш не ме спречило да истражувам. Врските меѓу нас се бесконечни, а сега кога имам шанса, ме радува тоа што на ова патување не сум сам. Бидете љубопитни, знам дека јас секогаш ќе бидам. Добре дојдовте и фала ви што ја посетувате мојата страница“, напишал Хоконг во својата прва објава на Фејсбук.



Коментари

коментари