Категории

Стоматолог бесплатно ги поправа забите на сиромашни луѓе ширум светот!

Стоматологот Фелипе Роси во 2006. година ја основал непрофитната организација „За насмевка“ со која патува по светот и со своите колеги им ги поправаат забите на сиромашните луѓе.

Меѓусебното уважување и почитување на секоја личност, посебно оние на работ на општеството, најдобро се покажува со конкретни дела, а не грандиозни зборови, а доказ за тоа се делата на овој стоматолог кој ја враќа убавата насмевка на лицата на луѓето.

Освен што ја враќа насмевката на лицата на луѓето, Фелипе Роси внесува и радост во животите на оние кои го пратат на Инстаграм бидејќи редовно објавува фотографии на пациентите пред и по неговите интервенции.

Сакаме на луѓето да им овозможиме нов почеток во животот, да почувствуваат самодоверба, да не се срамат да се смеат, вели стоматологот.

Погледнете некои од преобразбите кои ги направил: