Категории

Страста во врските трае само една година

Сите велат дека страста во врските еднаш избледува, а постои вечно прашање околу тоа кога всушност се случува.

Истражувачи од Универзитетот Ludwig Maximilian во Михен, испитале 3,000 жени и мажи откривајќи дека партнерите значително ја губат желбата за секс веќе после година дена поминати заедно.

Германските научници не знаат точно зошто се случува тоа, но велат дека одговорот може да лежи во различната јачина на либидото – со годините машкото либидо не слабее но женското стивнува.

Припадничките на понежниот пол со текот на времето имаат други поважни фактори од страста во односот – верност, доверба, грижливост, внимание, и искреност, па се оддалечуваат од партнерот во сексуална смисла.

Прегледи:
92
Објавено на:
22.11.2020