Категории

Стресот се одразува преку овие последици, а не сме ни свесни за тоа

За стресот се вели дека е тивок убиец и борбата против него е тешка. Но, доколку сме свесни на последиците, како што се опаѓањето на косата или намалениот сексуален апетит, посериозно ќе ја сфатиме борбата против него.

Осип

Доколку ви се случува одеднаш да добиете осип на одредени делови на телото, а притоа немате алергија, многу веројатно е дека тоа е последица на акумулиран стрес.

Кога сте под долготраен стрес, доаѓа до ослабување на имунитетот и со тек на време доколку не се намали количината на стресот, на телото почнуваат да се појавуваат црвени ситни точки, слични на осип кои предизвикуваат силно чешање.

Решение: На местото каде што се појавил осипот ставете влажна крпа. Доколку црвенилото и чешањето набргу не се намали, потребно е да земете антихистамин.

Осцилации во тежината

Стресот предизвикува отпуштање на кортизол кој го попречува телото да го обработува шеќерот во крвта и го менува начинот на кој се метаболизираат мастите во телото, како и протеините и јаглехидратите, што може да предизвика до зголемување или намалување на тежината. Стресот може да биде причина за прејадување, но и за избегнување на храната.

Константни главоболки

Доколку немате вообичаени проблеми со главоболка и одеднаш сфатите дека во последните неколку недели константно ве боли глава, тоа е една од последиците на прекумерен стрес. Стресот ослободува хемикалии кои можат да предизвикаат промени во живците и крвните садови во мозокот, што доведува до главоболка.

 

Доколку сте склони на мигрена, стресот може додатно да ја зголеми и влоши. Исто така е вообичаено кога сте под стрес мускулите на целото тело да ги чувствувате напнати, што исто така предизвикува главоболка.

Решение: Кога ќе осетите дека главоболката започнува, напијте се апче за болки, а доколку сте против апчињата, купете масло од лаванда или пеперминт и со него нежно масирајте ги слепоочниците.

Чудно чувство во желудникот

Стресот може да влијае врз органите за варење и тоа на многу начини. Може да го успори празнењето на храната од желудникот, што предизвикува подуеност, може да ги големи грчевите во стомакот што предизвикува болка и повраќање.

Решение: Користете лекови за смалување на желудочната киселина или обидете се секое утро да пиете чај од ѓумбир.

Хаос во главата

Стресот има големо влијание и на менталното здравје на човекот. Зголеменото количество на хормонот кортизол во телото ја попречува концентрацијата, предизвикува проблеми со помнењето, а исто така е причина за анксиозност и депресија.

Решение: Одмор, спиење и успорување на животниот ритам се додека не се чувствувате како да ви се наполнети батериите повторно. Обидете се со вежба во која ги затворате очите и се концентрирате на споро и длабоко дишење.

Опаѓање на косата

Стресот може да предизвика и зголемено опаѓање на косата. Инаку е нормално секој ден да губиме влакна кои со текот на времето се обновуваат, но кога тоа се случува под влијание на стресот, многу поголем број на фоликули влегуваат во фаза на мирување што предизвикува зглемено опаѓање на косата.

Решение: Треба да пронајдете техника на опуштање и да го сведете стресот на минимум. Кога телото ќе почне да се опушта, косата повторно ќе почне нормално да расте.

Се будите исцрпени

Доколку наутро тешко станувате од креветот, а сте ја преспале целата ноќ, веројатно сте клинички исцрпени. Стресот ја исцрпува енергијата, бидејќи потајно влијае врз забрзаната работа на целиот телесен состав. Вашето тело тоа го сфаќа како исклучително исцрпувачка состојба, па дури и одморот кој трае цела ноќ не е доволен за телото да се обнови енергетски.

Решение: Сите обврски кои не мора веднаш да ги извршите – одложете ги и дозволете си физички и психички одмор.

Немате желба за секс

Кога сте под стрес и имате милион работи на памет, поривот за секс е на последно место – практично непостоечки. Кога ќе се појави можност за сексуален однос иако го посакувате тоа, многу веројатно е да се чувствувате физички лошо или нема да имате волја.

Решение: Почнете да се занимавате со некоја физичка активност – теретана, јога, возење велосипед, што и да ви одговара. Зголемената физичка активност ќе направи баланс во вашето тело.

Прегледи:
732
Објавено на:
22.11.2017