Категории

Стручњаците за говор на тело откриваат: Овие знаци откриваат дека му се допаѓате!

Првите состаноци се секогаш непредвидливи и секогаш постојат измешани сигнали, како вербални така и невербални. Сепак, постојат ситници кои можат да ви откријат повеќе отколку личноста со која сте на состанок.

Познавањето на говорот на телото ќе ви го олесни разбирањето на потенцијалниот партнер со кој сте излегле, вели антропологот Хелен Фишер нагласувајќи дека привлечноста настапува во секунда.

Доколку партнерот константно се приближува кон вас, тоа значи дека е заинтересиран за вас, особено ако сте во друштво, објаснува психотерапевтот Пол Хокмајер.

Доколку партнерот на првиот состанок долго ве гледа во очи, тоа значи дека сака да воспостави врска со вас. Еден од знаците дека ја привлекувате личноста со која сте излегле се и проширените зеници.

„Доколку зениците кај мажот или жената се шират додека ве гледа, тоа значи дека им се допаѓа она што го гледаат“, вели Трејси Браун, стручњак за говор на тело.

Ножните прсти исто така може да ви откријат многу. Стапалата свртени кон вас се сигнал за тајна љубов, како и прекрстените нозе.

Доколку личноста со која сте излегле почнува да пелтечи или има проблем при избирањето на зборови во комуникацијата, големи се шансите дека многу му/и се допаѓате.

Прегледи:
544
Објавено на:
21.01.2019