Категории

Студената вода ја успорува појавата на деменција кај луѓето

Истражување на Универзитетот Кембриџ покажало дека студената вода може да ја успори појавата на деменција, па дури и делимично лековито да делува откако ќе нанесе штета на организмот.

Во нивното истражување биле опфатени личности кои пливале во зимскиот период. Во нивното тело воочиле протеин за кој е докажано дека ја успорува појавата на деменција кај мускулите и делува лековите после појавата на деменција.

Научниците четири децении истражувале дали студеното опкружување влијае позитивно на здравјето на човекот.

Пред пет години, научниците од Кембриџ ги спровеле своите истражувања врз здрави глувци, глувци со Алцхајмер и други невродегенеративни заболувања.
Воочиле дека здравите глувци, кои биле доведени во состојба на хипотермија со што телото повторно внимателно го загревале, имале природно зајакнување на наведениот протеин RBM3.
Невроните на здравите глувци оштетени со хипотермички шок биле повторно регенерирани. Но, споменатиот ефект не се случил кај глувците кои имале Алцхајмер и други невродегенеративни заболувања.

Затоа пред наведениот експеримет – изложување на хипотермичка состојба кај заболените глувци со вештачки зголемено ниво на RBM3 протеин.
Во таа прилика увиделе дека протеините оневозможуваат оштетување на чувствителни синапси и закличиле дека RBM3 може да го заштити мозокот од последиците на деменцијата.

Меѓутоа, научниците не можат да препорачат капење во студена вода поради други опасности кои постојат по здравјето на човекот како што е срцев удар. Затоа научниците се надеваат дека ќе пронајдат друг сигурен начин да ја зголемат количината на RBM3 протеинот.