Категории

Студентите собрале 1.500 фунти за да може секогаш насмеаниот хигиеничар да отиде во посета на неговото семејство

Херман Гордон се расплакал кога студентите од Универзитетот Бристол направиле нешто неверојатно за него.

Тие собрале 1.500 фунти за да можат тој и неговата жена да отидат во Јамајка, на посета кај семејството. Херман дошол во Британија кога имал 12 години, во 1967 година и е дел од Виндраш генерацијата, односно дел од луѓето кои после Втората Светска Војна, заради недостаток на работна сила, биле поканети од Британија да емигрираат од тој регион.

Во последните години често се споменува оваа генерација, бидејќи се соочува со проблеми. Повеќето од овие луѓе дошле со пасошите на нивните родители, бидејќи тогаш биле деца и не биле свесни дека нивниот статус не е регулиран. Заради промените на законите во Британија сега овие луѓе се соочуваат со проблеми, иако целиот живот живееле во Британија, тие не се нејзини жители.

Имено, секогаш насмеаниот хигиеничар е омиелн кај студентите, заради неговиот позитивен став кон животот и насмевката која секогаш ја има на своето лице. Така тие решиле да направат мал гест за неговото семејство, собирајќи пари преку JustGiving страната, каде свој придонес дале повеќе од 230 студенти.

„Тој е олицетворение на среќа“ вели еден од коментарите на страната за собирање средства.

Тој е во шеесетите години и дошол во Британија од Кнгстон, Јамајка, а тој и неговата жена ја примиле среќната вест со солзи во очите и бескрајна благодарност.

„Ми се јави и беше толку возбуден што не можеше да зборува, плачеше“ раскажува неговата сопруга за DailyMail, „ми кажа дека студентите му дале пари за да може да отидеме во Јамајка, првите зборови му беа: Ќе одиме да го видиме моето семејство во Јамајка. Ќе ги видам конечно чичко ми Џорџ и сите братучеди!“

Тие сега ја прославиле 23 годишнината од нивниот брак, а инаку Гордон работи во Универзитетот Бристол 12 години и е пресреќен од делото на студентите.

Прегледи:
412
Категории:
Среќа на денот
Објавено на:
29.06.2018