Категории

Студентка којашто била малтретирана поради црвената коса победи на Мис во Англија

Џесика Гаген, 26 години, победи 30 други кралици на убавината и ја доби титулата Мис на Англија. Натпреварот се одржа во Бирминген, а Џесика сега ќе ја претставува Англија на Мис во светот. Таа е првата црвенокоса во 94-годишната историја на овој натпревар.

Младата студентка по воздушно инженерство ги има сите квалитети, таа е прекрасно човечко суштество, преубава е, а исто така и паметна. За жал, нејзината природно црвена коса била причина за долгорочно исмејување кога учела средно училиште.

Таа била удирана по главата со различни предмети, исмејувана, а често морала да јаде во тоалетите за да го избегне хаосот што се случувал околу неа. Нејзината уништена самодоверба почнала да се враќа на 18 години откако одлучила да стапне на модните писти, наоѓајќи сила во нејзините минати болни искуства коишто ја поттурнале кон блескава иднина.

Џесика искрено се надева дека нејзиниот пример ќе им помогне и ќе ги охрабри уште многу други црвенокоси. Таа истакнува дека порано навистина се грижела за ова, но подоцна одлучила и заклучила дека тоа нема да трае засекогаш!

Прегледи:
178
Објавено на:
19.10.2022