Категории

Супер баба: 80-годишна старица претепала вооружен крадец

(ВИДЕО) Осумдесетгодишната Џун Тарнер освои награда за акт на храброст откако претепа криминалец кој се обидел да ја ограби нејзината продавница.

Бабата од Британија со својот стап за движење успеала да го избрка маскираниот маж од продавницата а тој побегнал со украдени 50 фунти и кутија цигари после што веднаш бил пронајден и уапсен.

Наградата се доделува секоја година за луѓе кои покажале голема храброст во некоја ситуација. Ова неверојатно случување го снимила надзорната камера во продавницата која Џун ја управува веќе 45 години.

Старицата изрази голема благодарност за оваа награда и изјави дека е подготвена да се жртвува за своето семејство.

Прегледи:
630
Објавено на:
26.10.2020