Категории

Супер десерт кој се прави за само 10 минути: Рецепт за здрав пудинг од чиа семе и малини

Направете вкусен пудинг од чиа семе и малини – рецепт за здрав вегански десерт!

Овој пудинг се „готви“ сам преку ноќ, а е одличен за појадок или како слатка ужина.

 

Состојки:

За пудинг чиа семе:

  • 1 чаша кокосово млеко
  • 1 чаша оризово млеко
  • 6 лажици семе од чиа
  • 2 лажици мед

За сиров џем од малина:

  • 2 чаши свежи малини
  • 2 лажици чиа семе
  • 1 лажичка екстракт од ванила

 

Подготовка:

Во сад измешајте го кокосовото и оризовото млеко, 6 лажици семе од чиа и  медот. Промешајте, оставете да отстои 10 минути па повторно промешајте. Покријте и оставете го во ладилник преку ноќта.

Изгмечете ги малините, додадете 2 лажици семе од чиа и екстракт од ванила. Покријте и оставете го во ладилник преку ноќта.

Следниот ден, истурете ги во декоративни чаши – по слоеви по желба – и послужете.

Прегледи:
2215
Објавено на:
29.10.2019