Супер кул или тотачен кич? – Џеј Ло во стајлинг кој ги подели мислењата на модните критичари

Што ќе кажете за овој стајлинг на музичката дива?

Џенифер Лопез беше забележана од папарицте во Њујорк на пат кон Gotam студиото, и како што е вообичаено со музичката дива, повторно беше забележана во спортски стајлинг каков што неретко практикува во неофицијални секојдневни изданија.

Овој пат таа избра спортски сет од тренерки со потписот на Ralph Lauren во кои доминираат силни бои, овој принт популарно е наречен ‘tie dye’ и моментално е еден од најактуелните трендови.

Спортскиот сет таа го искомбинира со Nike патики во кои исто така доминираа силни нијанси, и заштитна маска во ист принт. Ова модно издание предизвика лавина од рекации кај модните фанатици, некои рекоа дека е супер кул стајлнг додека други изразија невоодушевување.




Коментари

[fbcomments]