Категории

Супер татко посвоил пет деца со пречки во развојот и ги одгледува сам!

Овој неверојатен татко се вика Бен Карпентер, живее во западен Јоркшир и има 35 години. Тој исто така е познат и како супер таткото кој започнал со посвојувањето на деца уште на 21-годишна возраст. Оттогаш до ден денес тој стана татко на пет деца.

Ноа е еден од неговите синови кој има генетичка состојба наречена Comelia de Lange синдром. Неговите останати деца исто така имаат пречки во развојот како аутизам, Pierre Robin синдромот. Тој порано работел во училиште за деца и возрасни со пречки во развојот.

„Уште кога имав 21 година знаев дека сакам да бидам татко колку што е можно поскоро. Иако бев навистина млад, секогаш размислував за иднината.

Поради фактот што сум сам, мислев дека нема никој да ме сфати сериозно во мојата намера да посвојам деца, а кога се случи тоа бев пресреќен. Бидејќи претходно работев со возрасни и деца со пречки во развојот, знаев дека со посвојувањето на деца со пречки во развојот ќе им ја дадам соодветната грижа.

Сѐ започна кога видов рекламата дека бараат родители кои сакаат да посвојат деца и си помислив – нема да ми дозволат да посвојам бидејќи сум сам. Но, им раскажав кој сум и каде работам и тие покажаа оптимистички став во врска со мене.

Девет години подоцна, имам пет деца и не би променил ништо во мојата одлука.“, вели Бен.

Џек има аутизам, Руби има Pierre Robin синдром и ограничена употреба на нејзините раце бидејќи и недостасуваат коски, Лили е глува, Џозеф има Даунов синдром и Ноа има редок синдром и неколку дефекти од раѓање кои влијаат врз неговите раце и нозе.

Оваа вест навистина вреди да се прочита со оглед на тоа дека навистина е прекрасно да знаеме дека постои човек кој се грижи и одгледува дури пет деца со пречки во развојот. Тој навистина ја заслужува титулата Супер Татко. Му посакуваме среќа во животот и се надеваме на уште многу други луѓе кои ќе одат по неговите стапки.

Прегледи:
569
Објавено на:
18.06.2019