Категории

Сурфање со кози – Талентирана коза-инструкторка е голема атракција

Кога сурферот од Калифорнија Дана Мек Грегор  набави стара коза, која ја нарекуваше Козичка, тој немаше идеја колку тоа ќе му го промени животот. Дана го донесе животното да го исчисти својот двор од плевел, но тогаш двајцата станаа неразделни, толку многу што тој започна да оди на плажа и да сурфа со неа.

Дана и неговиот пријател Рајан решија да ја стават козата на даска за сурфање и бидејќи Козичка се покажа одлична во одржувањето на рамнотежата, заедно со неа влегоа во вода. Сето ова се случи пред десет години, кога се роди идејата за „сурфање со кози“. Сега Дана има школа за сурфање на една од плажите во Калифорнија, а со него „работат“ потомците на Козичка, Писмо и Гровер.

„Сурфање со кози“ е получасовно или двочасовно искуство кое вклучува часови во оваа дисциплина и е отворено за секого, без оглед на возраста и претходното искуство. За сите оние за кои сурфањето не е омилена активност, постои можност и за прошетка со кози. Потомокот на козата, создавачот на целиот концепт, Писмо, исто така добро се снаоѓа на сурферската даска.
„Беше очигледно, тој е природен талент“, рече Дана, кој го обучуваше Писмо во базенот и го научи како да го задржи здивот под вода.

 

Прегледи:
604
Објавено на:
01.04.2021